Поткрепена од Steam и развиена од Valvе (конечно на некој му текна да ги обезбеди правата за млатење пари), DOTA 2 е веќе одамна достапна за играње. DOTA 2 не само што е комерцијален апгејд на оргиналниот мод за WarCraft, туку и е солидно, модерно продолжение на истиот. Valve, без многу експериментирање успеа да направи одличен порт на сите оние ствари што ги сакавме и мразевме во оргиналната DotA. Механиката, мапата, хероите и останатото си добија модерно полирање, па така и играта е сериозен кандидат за нова глобална MOBA зараза (моментално местото во жанрот го држи League of Legends).
Периодов и дадов втора шанса. Првиот пат ме одби со двете едвај изиграни партии. Механиката колку и да ми е позната, има некои моменти кои се разликуваат од League of Legends. А, после три години играње (опсесивно играње во одредени денови) League of Legends, веќе се навикнуваш и забораваш на оргиналната DotA. За разлика од LoL, тука, барем на првите левели, партијата е сконцентрирана повеќе на тимски битки, отколку на стратегија која би обезбедила победа на тимот. Дури и со таа малку мана што ја има херојот за спеловите, се троши на противникот. Со оглед на тоа што LoL ме навикна дека со истите тие спелови можеш да фармаш и да спамуваш, имав мал проблем првите неколку партии. Тука има малку поинаква динамика, која станува прилично интересна од моментот кога ќе ја навикнеш.
Заедницата, од тоа што можев да видам, е океј. Можеби е до мојот почетнички левел, а може и стварно сите деца во пубертет влагаат на League of Legends. До сега не сретнав тим што се пцуе меѓу себе и ја посерува цела партија. Дури и ако некој се исклучи, има елегантно решение. Наместо да се чека 20-тата минута за да си ја завршиш партијата без пенали, тука е "безбедна за напуштање" по пет минути откако некој ќе излезе од играта (дисконектирање или плачипичкарско гасење).
Хероите се инаку истите од оргиналот, со некои ситни измени и нормално, ремоделирани. Мапата е одлично направена до најситен детал, а задржан е и духот на двете спротиставени страни. Се надевам кога League of Legends ќе имаат некој поголем апдејт, ќе размислат и за изгледот на моменталната мапа. DOTA 2 има одлична графика која мојов веќе уморен конфљуктор може да ја поддржи без некој сериозен лаг.
Како тазе играч на DOTA 2, имам проблем и при избор на херој. Играв со некои што колку-толку ги памтам од оргиналот, но чим биле сменети и таму, било многу, многу одамна. Не знам ни билдови, ни што се може да ми направи противничкиот херој, а купувам и некои препорачани ајтеми од самата игра кои не верувам баш дека функцонираат најдобро. Се учи со тек на време, само што и немам баш кога. Сепак, League of Legends ми останува примарниот MOBA фикс. Пред некој месец играта имаше апдејт за кој што не стигнав да пишам. Фино е, си тераат напред како до сега и супер им оди.
2 comments:
Интеракцијата меѓѕ херој-околина што ја има оригиналната ДотА никогаш немада биде достигната на никоја друга верзија на таа игра (реално ЛоЛ е нашминкан рипофф на ДотА). Мислам, колку што ми имаат кажано, на ЛоЛ нема ни deny на криповите (?!?!??!). Минимализмот ја прави играта ултимејт. И ДотА 2 е на високо ниво, ама во крајна линија се работи за вкусови, сепак не би го трејдал оригиналот за ништо. А за ајтем билд, ако ти треба хинт, слободно пуцај :). Поздрав, Commando :D
Нема deny LoL никаков, затоа и ми беше чудно тука сеа, сум забораил да играм така. :)
Post a Comment