September 11, 2011

'Реинкарнацијата' на Futurama

Колку убав завршеток на новава сезона на Futurama. И покрај тоа што критиката не е баш позитивно настрона према новиве епизоди, мене сезонава ми беше супер. Да, имаше некои слаби моменти, но и епизоди кои беа инстант класика. Дури и последнава епизода спаѓа во таа група.

"Reincarnation" е поделена на три сегменти, секој со посебна приказна и стил на цртање, кој комплетно отскокнува од стандарниот. Три сегменти од епизодата, ги обединува Дијамондиумската комета, која на одреден начин е присутна во секоја од приказните. Првиот дел, "Colorama" е омаж на раните црно-бели цртани. Еден куп Дизни и Бети Буп референци, не само со стилот на цртање, туку и со дијалозите, музиката и се останато. Сегментот има посебен шарм, а љубовната приказна го прави уште посимпатичен.

"Future Challenge 3000" е вториот дел, комплетно претставен во 8-битна графика и автентична музика, елементи кои одлично ја доловуваат атмосферата од старите игрици. Интересен омаж на тоа време, надополнет со директни референци до некои познати наслови од тоа време. На крај, следува третиот и последен сегмент, за нијанса послаб од останатите два. Иако си имаше добри моменти, "Action Delivery Force" делуваше малку, сосема малку исфорсирано. Или, па ја бев уште под влијание на првите два и некако слабо го примив (that's what she said). Нацртан е во аниме стил, ама некако му фалеше целосна јапонска синхронизација. Фарнсворт беше легендарен со изгледот и гласот, а Бендер успеа да покаже со прст кон неколку клишеизирани аниме роботи. Приказната од последниот сегмент беше некако просечна, ама како целина "Reincarnation" е феноменална епизода.

До следната сезона, ќе се изгледа уште еднаш оваа. Првата половина од седмата сезона ќе се емитува следната година, додека за другата половина ќе почекаме до 2013.

3 comments:

Љубиша Сулимановиќ said...

Епизодава прееска ја гледав сефте. Ја имаф заборавено.
Путер! Солзи ми течеа на 8битната и на анимето. Чак и музиката од Voltron идеше :)))
Сезонава - супер!

Влатко said...

Да, добри беа последниве 13 епизоди, вчера ги догледав, не знам зашто не им се допаднале на критиката???
ОД 13, дали 3 имаше лоши, по мене. Најдобра ми беше таа со Фрај и татко му, емотивна и добро осмислена епизода, а најкастрофална - таа со тие ко телетабиси шо беа, кое мучење беше да се догледа до крај. :) Којзнае у каква состојба се сценаристите кога ги прават лошиве епизоди. :))))

Бојан Николов said...

Одлична сезона беше ова, само што ете, и публиката е поделена, наводно не биле во духот на старите. Јебига, поминати се години, сега нормално е хуморот да се врти и околу актуелни ствари. :)

Тоа е тоа. Супер сезона според мене, пак ќе ја гледам. :)