September 22, 2011

Новите DC: Batman #1, Nightwing #1 и Catwoman #1

Еве ја и новата тура на тазе DC изданија. Оваа недела, како што очекував, си добив три исклучително добри стрипови, кои со нетрпение ќе ги чекам секој месец.

Batman #1 е насловот на кој најмногу му се радував. Прво, Бетмен е, а второ еден од авторите е Грег Капуло. Од сите изданија, ова најмногу го чекав. Грег Капуло е без дискусија еден од најдобрите во занаетот и тоа го докажува и тука. Ако некој е мајстор за вакви мрачни цртежи, тоа е Капуло. Ова е Бетмен во неговото најдобро издание, од цртањето до сценариото на Скот Снајдер. Дечково докажа дека знае да напише квалитетен стрип уште во Swamp Thing #1, нешто за кое не стигнав да пишам, но ќе склопам некој пост кога ќе излезе и вториот број. Мајсторски скоцкан Бетмен, мрачен и ладен, баш како што му прилега.

Приказната отвара во Аркам, место кое совршено одговара и се вклопува во новиот почеток. По кус преглед на добро познатите негативци и еден момент кој ме остави без здив, видовме и како изгледа новата пештера на Бетмен, заедно со неговите играчки. Надвор од костимот, Брус Вејн се обидува да му даде нов, пожив изглед на Готам, обидувајќи се да му го отстрани темниот и маглив превез. Следува говор на Брус Вејн, на кој уште еднаш му аплаудирав на Скот Снајдер. Крајот нуди едно изненадување поради кое ќе ги броиме деновите до следниот број. Совршено и строго препорачливо!

Во Nightwing #1, го гледаме Дик Грејсон (оргиналниот Робин), созреан и прероден, откако поминал време во костимот на Бетмен. Колку-толку, сум запознаен со таа приказна, така што брзо се вклопив во тоа што следеше. Тој живее во сржта на криминалот, Дик Грејсон, само што започнува со новиот живот, налетува на циркусот каде што загинале неговите родители. Покрај тоа што е соочен со духовите на минатото, некој се обидува да го ликвидира, истовремено обвинувајќи го за убиство кое не го сторил.

Во Nightwing #1 ми се поврзаа некои ствари со Batman #1, незнам дали приказната во иднина ќе се поклопи, но од тоа што видов до сега, одлично би било да е така. Ветува сериозно добар заплет ако испадне така. Цртањето е прва лига, исто и сценариото. Новиве на DC, барем првите броеви од тоа што читав, се речиси без маана. Најтвинг е стварно интересен лик, на кој одамна му спремам маратонско читање.

На крај од тројкава за оваа недела, да кажам нешто и за Catwoman #1. Никогаш не сум читал ништо, ама ликот ми е добро познат. Од љупопитност, го грабнав првиов број и ме изненади. Ме фати скроз неспремен! Кетвоман е предобро нацртана, детално е спазен секој атрибут, нели. :) Вака добро нацртана девојка не сум видел во стрип одамна. Браво! И го доловиле сексипилот, баш ко што треба, поразлично од Мишел Фајфер, но со ист интензитет.

Што прави Кетвоман? Бега од луѓе на кои им направила нешто што не смеела, станот и кренат во воздух, па пробува да преживее и да најде некоја "тезга". Завршува на забава на руски мафијаши, каде што се вплектува во уште поголеми срања. Си има и момент со Бетмен, кој некако ми изгледаше неизбежно во првиот број. Ќе следам Catwoman и понатаму, иако од приказната не очекувам премногу. Незнам до кај ќе го носат ликот, не ни верувам дека може многу, ама па од друга страна, визуелниот момент вреди.

Следната недела треба да излезе последната тура на први броеви, меѓу кои и Batman: The Dark Knight и еден наслов на Кевин Смит кој страшно ме занима што e. Останитите кои планирам да ги читам се Flash #1 и Superman #1.

Види такоѓе:

2 comments:

Anonymous said...

Batman #1 одлично изненадување, со нетрпение го очекувам следниот број да излезе :) Дали си запознаен кај нас во новата стрипотека спроти Рамсторе ке ги носат овие стрипови? би сакал и hardcopy да ги имам.

Бојан Николов said...

Феноменален е Batman #1. :)

Инаку, колку што знам, сега за сега, нема да има амерички DC и Marvel, барем не редовниве.

Има Бетмен во "Бункер", The Dark Knight Returns на Френк Милер. На српски. :)