Уште неколку недели до објавувањето на новата Magic: The Gathering едиција, Rise of the Eldrazi која ќе го комплетира Zendikar блокот.
Zendikar до сега се покажа како еден од најквалитетните блокови. Солидна приказна, добри карти и нови Planeswalker-и кои и не беа толку играни за разлика од оргиналните пет, но сепак си го најдоа местото во одредени декови. Zendikar ми ја врати вербата во играта после Shards of Alara блокот. И изгледаше совршено се додека не почнаа да се појавуваат спојлери од новите карти од Rise of the Eldrazi кои не ветуваат занимлива игра за останатите декови.
Што е со Rise of the Eldrazi? Главната тема на едицијата се новите безбојни Eldrazi суштества, огромни во секоја смисла, од mana cost до способностите кои ги имаат, како на пример Annihilator со кое противникот жртвува перманенти кога е нападнат колку што е бројката на Annihilator. Покрај тоа, имаат огромен (најчесто на 10) power/toughness и се тешки за бранење.
Бараат многу мана за да влезат во игра, што нема да преставува никаков проблем, бидејќи има други карти (земји, артефакти и сл.) кои го решаваат ова со тоа што за играње на Eldrazi карти даваат повеќе мана отколку за останатите. Па, така Eldrazi суштествата кои бараат, пример 12 мана, ќе може да се изиграат за многу помалку и да бидат спремни за напад уште во 6-ти круг. Немаше да биде толку досадно, доколку начинот на кој може да се изиграат Eldrazi картите беше малку потежок. Вака е прелесно, картите се неверојатно моќни, прават многу работи кои не се во полза на противникот, па претпоставувам дека дековите што ќе се играат по издавањето на едицијата ќе бидат само Eldrazi декови и декови кои ќе се прават за играње против нив.
Ова воопшто не е добро, бидејќи комплетно ја менува играта и ја цица целата забава. Таман кога мислев дека неможат полошо од Shards of Alara, се појави ова да ми докаже дека сепак можеле. Искрено за надевам дека превидувањава нема целосно да се исполнат и дека на турнири ќе може да видиме и друго освен Eldrazi декови...

Друга новина во Rise of the Eldrazi се карти што може да се левелираат. На секој круг откако ќе влезе суштество во игра, ќе може да се доплати додатна мана со што суштеството ќе добие левел плус, а со тоа и нови способности како flying, shroud, trample, итн. Ова е сосема нов начин на играње кој ја менува играта на подобро, но во никој случај не ги балансира срањата кои ги содржат Eldrazi картите.
До сега се познати и два нови Плејнсвокери, втората верзија на Sarkhan Vol, тука со нова боја и ново име - Sarkhan the Mad. Комплетно промашен Плејнсвокер, многу ограничен за играње, многу нетипично за овој вид на карта. Тука е и Gideon Jura, се појавува прв пат и прави поинтересни работи од Sarkhan the Mad, па мислам дека ќе си го најде местото во некој дек. Според Orb of Insight, ќе има уште еден, би требало да се појави спојлер деновиве.
За контрол дек како мојот, нема ништо интересно, освен Eldrazi картите и еден просечен Echo Mage кој прави нешто што е дел од стратегијата на контрол декови, меѓутоа помалку од доволно.
Светскиот пририлисот е закажан за 16-17 април. Rise of the Eldrazi ќе биде официјално во продажба една недела покасно.
No comments:
Post a Comment