April 22, 2010

Lost 6x13 - The Last Recruit

Во последниве епизоди, се приметува дека продуцентите вложиле огромен труд за да ја завршат серијата така добро како што почна. Самото сценарио, приказната и развојот на ликовите се феноменални. Во оваа епизода, успеаа да направат генијална паралела помеѓу двата универзуми, токму во развојот на приказната. Во едниот, животот на Лок зависи од Џек, во другиот е обратно, а Саид е соочен со сличен избор и таму и таму...

Џек конечно ги превзема работите во свои раце, бидејќи е свесен дека има некаква цел на Островот која мора да ја оствари, додека Соер е конечно решен да си замине.

Се потврдија и некои работи кои последниве сезони беа очигледни, како на пример кого следеше Џек до пештерата во првите епизоди, а се расплетува и неговата поврзаност со Клер. Кога сме кај Клер, ужасно ме курчи во оргиналната временска линија на Островот, и баш ме интересира каков расплет ќе следи.

Двете страни, предводени од Лок и Витмор се спремаат за војна која очекувам да ја видиме пред финалето. Има спојлери за следната епизода каде што конечно ќе дознаеме што има Лок во ранецот. Како што спомна Љубиша пред некое време, Лок во ранецот носи бомба која наскоро ќе си ја одигра својата улога.

Џин и Сан се повторно заедно после три години и веројатно тука е крајот на нивната сапунична приказна. Останува уште да ја видиме нивната улога на Островот. До финалето има уште само три епизоди и ми е навистина тешко да прифатам дека Lost завршува.

Следната недела има пауза, така што новата епизода ќе ја видиме за две недели.

No comments: