
Миродин е вештачки свет, создаден од метал. Секој од главните пет региони е претставен со посебна боја и населен од различни суштества. Бидејќи голем дел од светот е создаден од метал, артефактите имаа голема улога во играта, и за првпат се појавија Artifact Lands како карти, кои за жал исостанаа во Shards of Alara, каде што шардот Eспер беше многу сличен со Миродин. Во Mirrodin блокот, првпат се појави и Equipment како вид на карти, нешто што продолжи како стандарден дел од секоја едиција која што следеше.
Го сакам светот на Mirrodin, не само поради тоа што ми беше првиот контакт со играта, него имаше и одлична приказна која очекувам сега да се продолжи. Веќе има Planeswalker карти, па во Scars of Mirrodin верувам дека конечно ќе ги видиме ликовите од Миродин претставени преку нив. Од тогаш до сега, артефактите во Меџик еволуираа и нудат солидна игра и баш ќе ми биде мило да видам какви ќе бидат тука. Artifact лендовите мора да се вратат во некаква форма, а и нема да е лошо да ги репринтаат оргиналите.
Одличен потег на Wizards, пријатно сум изненаден што се решиле на вакво нешто. Дури и да им запнале идеите за нови светови, сосема сум океј со тоа, зошто има уште многу во тие што веќе ги знаеме, што можеби не е искористено до крај. Покрај тоа, враќањето на Magic: The Gathering во Миродин добар маркетиншки потег што може да врати многу фанови на Mirrodin блокот кои се откажале од играта. Се надевам дека следен свет за посетување ќе им биде Kamigawa.
1 comment:
Мirrodin беше првиот сет кога се запознав со светот на MTG, но поинтензивно и редовно почнав да играм неколку едиции подоцна со светот на Ravnica вториот сет именуван Guildpacts.
Имам гледано карти од Mirrodin едицијата и визуелно ми се многу атрактивни, не сум запознаен со приказната ама би сакал да прочитам нешто од неа, ако имаш некој линк да спуштам некој e-book од нив би било супер :)
Светот на Kamigawa визуелно го имам запознаено и имам неколку карти од него дома, стилот и тематата ми е многу атрактивен и како ти се надевам дека ке го видиме повторно.
Post a Comment