South Park го затупеа некадe после десетта сезона, до тој степен што веќе ми беше неподносливо да гледам, а предтходно ми беше омилена серија. Тогаш се простив од South Park и следните две сезони не ги следев баш редовно, и некаде од тринаеста сезона веќе прекинав.
Случајно периодов изгледав неколку епизоди баш од тринаеста и се изненадив. Треј Паркер и Мет Стоун веројатно и самите сфатиле дека серијата им е веќе бајата и делува ко да е праена ради реда, па решиле да се вратат на старата формула по која ги направија најдобрите сезони. Во новиве епизоди (особено онаа за Фејсбук или "The Coon") се осеќа стариот дух на South Park, иако се сосема свежи. Повторно е присутен истиот хумор, поткрепен со силна поента и остра критика. Баш поради тоа South Park се тоа што беа, или се.
Пред два дена беше прикажана епизодата со број 200, со која е обележен уште еден јубилеј. Идејата за оваа епизода им е супер и е одлично реализирана. Во "200", познатите личности на чело со Том Круз, се обединуваат за тужба против Стен, односно целиот град поради тоа што некогаш биле мета на некој од жителите и подлегнале на ремет од Треј Паркер и Мет Стоун. Се појавуваат Тајгер Вудс, Џорџ Лукас и Стивен Спилберг со Индијана Џонс, Опра, Боно, Расел Кроу, Стив Ирвин, Барбара Стејссенд (Mechа-Streisand), Парис Хилтон и секако, Џенифер Лопез како раката на Картмен. Серијата завршува со Мухамед и пред разрешувањето на мистеријата за вистинскиот татко на Картмен.
Куп референци до стари епизоди и случувања, онака, како мала ретроспектива на досегашниот труд на Паркер и Стон. Се надевам дека ќе продолжат со добри епизоди како последниве...
No comments:
Post a Comment