
Очигледно е дека Елоиз и Витмор знаат за Островот и се што се случувало таму, иако сега живеат во алтернативниот универзум кој произлезе како последица од бомбата на крајот од минатата сезона. Дезмонд исто така е свесен што се случува и не ме зачуди кога ја побара листата на патници од Oceanic 815. Сега ќе видиме дали ќе се потврдат теориите дека луѓево од сајд-флешовите доаѓаат на Островот.
Во главно, епизодата се одвиваше надвор од Островот како дел од сајд-флешот на Дезмонд. Тоа што го видовме на Островот даде објаснување на некои ствари, значи исто како во епизодата со Ричард, останаа уште ситни детали како и зошто.
Следната недела веројатно ќе има филер. После ваква епизода не очекувам ништо друго.
1 comment:
Една од најјаките епизоди воопшто! :)
Дури и подобра од Ab Aeterno можеби... :)
Post a Comment