February 10, 2010

Lost 6x03 - What Kate Does

Ја фатив епизодата ноќеска на стрим, меѓутоа малку закаснив и се уклучив откако беше почната, па ја симнав и ја изгледав цела. Чекав цела недела за филер епизода. Со оглед на тоа што немаат уште многу време, не очекував да пополнат место со досадна епизода со Кејт.

Значи, минатата епизода, видовме дека некакво зло им се заканува на луѓето (Другите?) во Храмот, каде што престојува дел од преживеаните. Саид се врати од мртвите и како што кажуваа теорите по првите две епизоди, тоа и не е баш Саид, исто како што Лок не е баш тој. Другите се обидуваат да го убијат Саид, додека Соер бега од Храмот, а со него и Кејт и Џин.

Во алтернативната реалност (или што и да е), Кејт и помага на Клер да стигне до болница бидејќи и почнуваат контракции и таму се појавува Итан како доктор. Единствено нешто што објаснија во епизодава е отсуството на Клер во минатата сезона, односно дека ја снашло истото тоа што моментално му се случува на Саид. Од тука, може да се насети дека можеби Чадот е тој што ги опседнува (или како што вели сомнителниот Кинез/Јапонец, "инфицира") присутните на Островот, па теоријата дека Џејкоб е сеуште во незавршена војна со типот со кој разговара на плажата во минатата сезона, некако ми е поприфатлива сега.

Доброто е што следната епизода конечно ќе видиме некакви одговори, бидејќи централен лик ќе биде Лок. Незнам како си дозволиле филер епизода, но ме радува тоа што знам дека сите одговори се спремни и тоа што сигурно имаат план како да ги вметнат во малиот број на епизоди кои преостануваат.

1 comment:

Losteech said...

И мене ме изнервира епизодава. Крш. Интересно е што сите Кејт-центрични епизоди ко да се напишани со 5 пати помал IQ... Колку недостатоци имаше во сценариото, чудо едно!