July 16, 2009

Преглед на Magic 2010

По неколку месеци пауза, се враќам на Меџик. Пропуштив две едиции, државно првенство и куп други работи, но тоа е тоа, одиме понатаму. Magic 2010 е новата Core Set едиција, која е поразилична од претходните Core Set едиции, најпрво поради името (од сега ваквите едиции ќе бидат означени со годината која следува) и неколку измени во правилата (нема mana burn) и неколку измени во терминологијата ("into play" станува "battlefield"), што не е воопшто страшно, бидејќи Меџик играчите лесно се адаптираат на вакви ситни промени.

Мило ми е што има добри црвени карти, дури и Гоблини, па веројатно пак ќе можам да си ја играм омилената раса.

Magic 2010 содржи 249 карти, пола од претходните едиции, додека останатите се нови. За дел од картите клик тука. Поради технички проблеми, prerelease-oт и launch-от кај нас се одложени за следниот викенд, значи на 25-ти и 26-ти јули во "Гоблин". Кога веќе ги спомнав нив, имаат нов сајт полн со информации околу Меџик и други игри.

Во септември ќе излезе и нешто ново за играва, се вика Planechase, делува ептен интересно, па се надевам дека ќе може да се заигра и тука. Еве повеќе околу ова.

4 comments:

Random nobody said...

Jeez , имево е тежок фејл , ко верзија на Фифа е :)

Бојан Николов said...

Јебига. Кор сетовите така ќе се викаат од сега. :S

Стефан said...

Не заебавај, како не е голема работа промена на правилата?! Демиџот више не иде на стак, што го ограничува користењето на многу финти и многу попроста ја прави играта. И све тоа зашто Амариканските идиоти не можеле да сфатат како Мог Фанатик може да убие две кричс...

Бојан Николов said...

Стефан, не мислев дека промената на правилата не е страшна, туку промената на терминологијата. :) Новите правила ги осетив на пририлисот и не ми се баш по ќеиф. :S