July 29, 2009

Први впечатоци од The Clone Wars серијата

Помина скоро година откако излезе Star Wars: The Clone Wars долгометражниот, кој послужи како пилот за серијата која доживеа цела една сезона (се снима и нова), иако филмот беше најлошиот официјален Star Wars продукт кој некогаш го имам видено. А, The Star Wars Holiday Special го немам гледано, така што...

Ми требаше долг период да се одлучам да и дадам шанса на серијата. Мора да признаам дека сум позитивно изненаден, веројатно поради тоа што и немав големи очекувања. Пред се, серијата е наменета за помладата публика, па затоа и се трудев да ја гледам баш така, без да бидам премногу критички (читај: негативно) настроен. Анимацијата е иста како во долгометражниот, на почетокот ми беше тешко да ја навикнам, но по неколку епизоди успеав да ја сакам.

Приказна скоро и да нема, повеќе се базира на лајт-сејбер дуели и борби со бродови, како што реков, наменета е за деца, па веројатно не сакале да трујат со приказни врз кои хардкор фановите ќе можат да плукаат дека го сереле канонот. Или, едноставно не се замарале со приказни, бидејќи и без тоа ова им носи доволно пари. Во никој случај не го гледаам ова како маана, бидејќи серијата мене ми е крајно интересна и забавна, лесна е за гледање и трошење време со ликови кои ги знаеме и ги сакаме. Ми се допаѓа што обрнуваат внимание на ликови како Дуку и Гривус кои можеби и немаа доволно простор во филмовите. Анакин е исто подобар од Анакин на Хајден Кристенсен, тука нема дискусија.

Стигнав некаде до пола (има 22 епизоди) и интересна е. Барем е подобра од филмот и глупана серија со истото име што идеше пред некоја година на Cartoon Network и изгледаше како Flash анимација...

3 comments:

Eddie Rebel said...

Пред помалку од една година се нафатив да праам маратон меѓуѕвездени војни со се што најдов по темата. Од официјалните филмови (стари, нови, фан верзии на филмовите, бонус материјали) преку документарните и цртаните филмови па до The Star Wars Holiday Special. Долгометражниот анимиран Филм војна на клоновите го изгледав некако и воопшто не ми се допадна ама пoлошо нешто поврзано со SW од тн Holiday Special немам глеано :-).

Бојан Николов said...

Дај и шанса на серијата. Интересна е. :)

Eddie Rebel said...

ОК ќе пробам да изгледам неколку епизоди :-) Поздрав