Поучен од горчливата CIV III, на следното продолжение не му дадов шанса, а и неприметно ме пројде, заедно со неколку експанзии. Деновиве гледав што-како имало на овогодинешниот E3 и налетав на трејлерот за новава и сум позитивно изненаден, со голема желба за играње. Или па, прошло доволно долго време, па се намалил интензитетот на CIV II носталгијата.
Од тоа што читав, начинот на играње е малку изменет, има нови единици, цивилизации, начини за победа, па дури и коцкастите полиња се заменети со хексагонални, кои изгледаат ептен океј. Исто така, ново е тоа што секој од лидерите на нациите, ќе го зборува својот мајчин јазик (едвај чекам да играм со Рамзес!). Графиката е феноменална, затоа нема да ја коментирам понатаму. Видеото од E3 може да се погледне на овој линк. Покрај снимки од гејмплејот, има и интервјуа со тимот кој е одговорен за играта.
Повеќе за Civilization V на официјалниот сајт. Играта излегува на 21-ви септември 2010. До тогаш, ќе и дадам шанса на четворката.

3 comments:
Епа ај дај и шанса па кажи дали вреди и јас да пробам... Да учам на туѓите грешки, бар еднаш :)))
Инаку со се друго во постов се сложувам :)
јас ја чекам Цивилизејшн нетворкс... Ќе излезе за фејсбук :)))
јас ја чекам Цивилизејшн Нетворкс. Ќе излезе за фејсбук некаде наредниот месец. Е сеа, сумљиво е пошто нема бета верзија.. нема трејлери, сликички...
али се надевам дека ќе биде нов гејм плеј и се надевам дека ќе излезе одкако ќе положам математика :))
Post a Comment