Петтата сезона започна со две нови епизоди. Некако брзо ми поминаа овие месеци, можеби зошто не се оптоварував толку многу со Lost, како на пример, кога ја чекав четвртата сезона. Lost уште во третата сезона скршна од правецот и отиде во некоја недефинирана насока која некако се обидоа да ја изградат во четвртата сезона.
Ги изгледав двете епизоди, втората ја догледав прееска, зошто вчера толку бев изнервиран од првата, па прекинав со гледање. Од тука почнувам со сполјери, па тие што не гледале, нека не читаат. Немаа што, па ќе патуваат низ времето цела петта сезона, така? Немаше подобар начин да се прогура серијата од овој, нели? Веќе стана напорно за гледање. Дури и желбата да дознаам што се случува со островот и се друго што ме интересираше ми се потисна и сум комплетно разочаран. Ќе видам што ќе понуди третата епизода следната недела, па ќе видам дали воопшто ќе продолжам да следам понатаму... Lost sucks.
11 comments:
Јас прекинав да ја гледам уште по 1-вата епизода од 3-та сезона. Шо знам, многу ми е некако недефинирана, ми делува ко сценариото да се пишува набрзинка, онака од епизода до епизода.
Хахахаха! А што, ти повеќе би сакал да знаеш што правел Џек во минатото?
Супер се првите две епизоди, само нека продолжат вака.
Штета што многу луѓе откако се израдуваа на новиот концепт на прикажување на серија, веднаш си го усраа своето мислење очекувајќи серија со толку многу поставени прашања во само првите две сезони биде одговорена паушално и банално во едно финале на сезона или сл. Да речеме како 24 во која после мал конфликт на 2,3 заплети се јасно и гласно на “in your face“ начин е објаснето за и трето одделенец да го сфати.
Lost не е таква! Серијата е изградена на концепт на мал милион ситни прашања и исто толку ситни одговори кои заедно ја дефинираат главната поента, и тие се дадени на нов принцип на flashback/current events/flash forward раскажување.
Вратете се само една сезона назад (или две) и сетете се кои прашања не тераа да дебатираме по цела вечер на кафе, и колку од тие прашања ни се одговорени. All in due time. Зарем очекувате сите да добиете одговор на прашањета: зошто се на островот? што е уствари островот? И дали некој ќе гледа после ако тоа се одговори?
Chill out. Серијата е одлична. Концептот е нов. Едно не ми е јасно: сите кои мрчите константо за серијава и продолжувате да ја гледате... одговорете ми “зошто?“.
Јас сум 200 милиони посто сигурен дека ако ништо барем ќе добиеме одговор на најважните прашања!
Само почекајте до крајот на сезонава, и ќе видите дека ќе испаднам во право. :)
Мене 24 ми е поинтересна. Језда и у неа некад ептен го тупат и заобиколуваат но не ми се десило до сега да ме изнервира некоја епизода и да ја исклучам.
А LOST е веќе досадна чоече, исто ко BSG, ја усраа тотално.
@Љубиша: Јас си мрчев после 2ра сезона и фино поштено се откажав од гледање :). Верувам дека до 10та сезона ќе ви бидат откриени сите мистерии, али се слагам со Ненад, се откажав од серијава баш ради тоа што е money-maker со сценарио и идеи вадени од гз. Па немора да пишуваат глупости само за да се емитува 10 години.
Дамјан.
@Дамјан: ептен си паметен. Штета што LOST ќе имаат само 6 сезони. А ако втората сезона не ти се допаднала, тогаш што да ти кажам...глеј си Грејс Анатоми. :)
@Ненад: незнам што е толку интересно во 24. Крајот го знаеме (секогаш е ист), знаеме кој нема да умре (Џек олмајти Бауер), знаеме дека ќе биде спасен светот...всушност се знаеме. Мислам дека е како прво банално да се прави БИЛО КАКВА споредба на 24 со LOST!
Ајт останете ми поздравени!
П.С. Може да добијам ЕДНА добра причина зошто премиерата беше глупава?
Лостиќ, скокаат низ времето на (буквално) секои 10 минути. Каква добра причина сакаш?
ОК!
Ама не те разбирам стварно.
Посебно не бидејќи си фан на научната фантастика...да гледаше серии од типот на Округот Оринџ можда и ќе те сфатев...ама вака....незнам. :)
@Losteech: И ти па си се фатил за Лост ко слеп за стап :) Нема што да правиме муабет дали една серија е подобра од друга, секој со својот вкус. А ако веќе бирам да гледам медицинска драма наместо Лост, попрво би гледал Хаус, а не ГА :)
Инаку, има и добра и лоша научна фантастика, читни една кратка приказна од Асимов, ќе видиш како ќе те здрма и ќе те натера да се подразмислиш. Нешто што Лост ни со 20 сезони нема да го направат.
Дамјан.
Serijava e zakon, edna rabota se otpletkuva 10 novi se zapletkuvaat... Na momenti ja tupat, megutoa prikaznava e fenomenalna, se nadevam deka nema da se izglupiraat so ova time travel i na kraj da ispadne sranje...
btw bi gi pozdravil site sci-fi fanatici, se nadevam deka ke se druzime vo idnina... peace...
Post a Comment