January 17, 2009

Клипови од петтата сезона на Lost

Петтата сезона ќе започне со прикажување на 21.01, во среда, што значи дека во четврток сабајле првата епизода веќе ќе ја има за симнување. Иако серијава веќе не е тоа што беше, мора да ја догледам и да видам до каде ќе оди. Финалето на четвртата беше интересно и донесе изненадувачки крај и не остави да чекаме повеќе од пола година. Се надевам само дека нема да има толку голема пауза измеѓу оваа и следната сезона, која би требало да биде и последна (некаде во 2010 година).

Ќе мора уште еднаш да ја гледам последната епизода од четврта за да се потсетам на некои детали. Пред некое време излегоа неколку кратки видеа од петтата сезона, кои и не откриваат баш многу, освен неколку ликови кои првпат ги гледам. Поделени се во две пакетчиња, па клик тука за даунлоуд на првиот, и тука за даунлоуд на вториот пакет.

8 comments:

Losteech said...

OMFG! Некој добро ги зезнал ABC со клипчињава. :O

Бојан Николов said...

Официјални се, не ги зезнал никој. :)

Losteech said...

Не, 100% сум сигурен дека не се официјални. Можда ги планирале после епизодата. Тие што се официјални ги ставаат и на нивниот сајт...

Losteech said...

Инаку и следната сезона ќе стартува во јануари...за жал.
Освен ако не планираат да не изненадат со екстра епизоди. :)

Бојан Николов said...

А колку епизоди ќе има петтава?

Losteech said...

Седумнаесет, исто како и шесттата. :)

Љубиша Сулимановиќ said...

Не ги гледам клиповиве, ама го гледав екстендед трејлерот. Едвај чекам!

Бојан Николов said...

Го има Џон Лок со бркови на клиповиве. :)