May 26, 2017

Флешови

Одамна не е тајна дека гледам The Flash. Успеав да конвертирам и неколку луѓе околу мене кои издржаа до "Out of Time" епизодата со која ми се отворија очите за серијата и сега ни е заедно убаво. Првите две сезони веќе беа излезени кога почнав да гледам, па морам да забележам дека ова чекање од недела до недела за нова од третава сезона не беше нешто особено забавно. За жал, исто како и добар дел од целата сезона. Сакав дека верувам дека и за The Flash важи истото како и за други слични серии, дека кога гледаш неколку епизоди по ред полесно се филтрираат досадните, но по финалето на третата сезона веќе имам еден цврст заклучок. 

Воглавно океј сезона, ама преполна со елементи поради кои ќе морам да ја издвојам како најслабата до сега. Што е чудно како воопшто ги приметував, зошто нели тотално лабаво гледам, со прогледување низ прсти на многу ствари. Mеѓутоа, серијата во повеќе наврати завзема насоки кои беа крајно шашави. Тотално не сакав да го правам ова Флеш, извини. Да почнеме отпочеток. Што се случи со Флешпоинт? Неколку епизоди и комплетно го тргнаа на страна неговото постоење? Пред почетокот на третата сезона со месеци наназад слушав "Флешпоинт, Флешпоинт" и молскавично го снема. Да, целото дејствие се случуваше таму (веројатно?), но ликовите коа беа засегнати од акциите на Бери едноставно престанаа да му придаваат било какво значење.


Штета. Ова беше единствената прилика да се долови генијалноста на Џеф Џонс во ваков формат и ја посраа. Бев возбуден и за другите спидстери кои му се приклучија на Бери, но во неколку прилики успеваа само бескорисно да прават гужва. Еве пробувам да се сетам во колку ситуации Воли, Џеси и Џеј направија некаква разлика. Поради моето разочарување од финалето, ми текнува на нула такви ситуации. Џеј дури и го одјебаа во ебаниот Спидфорс подоцна. А, ако сите овие спидстери не беа доволни, главниот негативец Савитар, беше исто така спидстер. Зошто претходно нели, ги немавме Риврс-Флеш и Зум. 

Ова е третиот поголем проблем со сезоната и тука веќе навлегувам во спојлерска територија. Не зошто негативецот е повторно спидстер, туку зошто пола сезона ја потрошија во страв од нешто што никогаш нема да има било каков импакт врз дејствие во серија каква што е оваа. Мантрата "Мора да го сопреме Савитар" стана напорна после неколку епизоди. Ајрис немаше да умре во никој случај, така што не знам зошто воопшто се трудеа со билдање на ваква тензија стоседумдес епизоди. Испадна дека алтернативна верзија на Бери и Савитар и да, океј, можеби тоа ме затекна неспремен. Но, од моментот кога се откри идентитетот на таа метална канта со комплекс на бог, приказната насекаде ја расеа предвидливоста. Да бидеме реални, The Flash не е најинтелигентата серија на светот. Чекорите кои ги прават се во некој нивни лимитиран домен и опциите за исходот се лесно пресметливи. 

Во кога се сценаристите се обидуваат да те подлажат, само се смешкаш зошто знаеш дека Велс има направа со која може секого да направи да изгледа како некој друг. Премногу време се потроши и на тоа. Каде се идеите, каде беа различните негативци секоја сезона? Зошто упорно ми паѓаа во сенка на "Леле дечки, мора да го сопреме Савитар, еј". Бери не научи никаква лекција сезонава, ниту тој, ниту целава багра од С.Т.А.Р. Лабс. Две сезони наназад дополнително ги заебува стварите со постапките што ги прави и цел тим будали упорно му веруваат. Симпатично е кога не е загушено во дрвење со закана која никогаш не беше сериозна. Во спротивно е само заморно.

Таман кога помислив дека е готово со Савитар и неинвентивноста на сценаристите, финалето ми фрли небитен и непотребен клифхенгер во фаца. Да, сигурно Бери ќе остане во Спидфорсот повеќе од пола епизода, баш сум загрижен, дечки. Кој ви ги смислува овие, бе? Хрчаци што трчаат по тастури ви пишуваат вакви наративи? Како да немаше доволно глупости сезонава. Како да беше малку мјузикл епизодата или онаа со Емо Флеш. 


Сепак, и покрај тоа што зевав на моменти, се радував на секоја нова епизода. Да, можеби серијата комплетно заборави и на фактот дека Бери е ебан форензичар и му треба работа за да плати сметки, но го убација Драко Мелфој како редовен лик што малку ја размрда екипата. Забавен лик и супер актер, се надевам дека ќе остане и понатаму.  Секоја чест и за Том Кавана. Три сезони глуми различни верзии на ликот и е феноменален. Обесете му некој медал на човеков. И, ако Кејтлин ја напушта серијата како редовен лик за да гостува како Килер Фрост, сакам да ја задржат новата докторка и во следната сезона. Ќе претпоставам дека затоа и ја додадоа, зошто тотално ме мрзи да проверам дали е замената на Кејтлин. 

Не знам каде ќе оди четвртата сезона, ама некаде прочитав дека конечно главниот негативец нема да е спидстер. Се надевам дека ќе се вратат на стариот формат кога не ни мафтаа пред нос со злобата на големиот антагонист. Се надевам и дека Ајрис конечно ќе има нешто повеќе за правење освен бидување жртва, дека Воли конечно ќе одјебе во друг универзум со симпатијата и ќе бидеме поштедени од неговиот иритирачки ентузијазам, а другиве ќе се вратат пак нивните обични професии. Сериозно, приметува некој дека и Џо не оди на работа веќе? Сакам и седум епизоди со Горила Грод ако може. Уствари, не седум. Сите нека бидат со Грод. Грод да биде главниот негативец во четврта и петта сезона.

Види такоѓе:

1 comment:

lilian nikky said...

Моето име е Лилијан Н.Ова е многу радосен ден од мојот живот поради помошта што ми ја донесоа Dr.saguru, помагајќи ми да го вратам мојот поранешен сопруг со неговата волшебна и љубовна магија. Јас бев во брак 6 години и беше толку страшно, бидејќи мојот сопруг навистина ме измами и бараше развод, но кога дојдов на е-пошта на интернет, за тоа како тој им помогна на толку многу луѓе да го добијат својот екс назад И да помогне да се утврдат врските. И да се натера луѓето да бидат среќни во нивната врска. Јас му ја објаснив мојата ситуација и потоа побарав помош, но на мое големо изненадување ми рече дека ќе ми помогне со мојот случај и тука јас сега славам бидејќи мојот сопруг се промени целосно за добро. Тој секогаш сака да биде од мене и не може да стори ништо без моето присуство. Јас навистина уживам во мојот брак, што е одлична прослава. Јас ќе продолжам да сведочам на интернет, бидејќи Dr.saguru е навистина вистински маѓосувач. ДАЛИ ПОТРЕБИТЕ ПОМОШ ОД КОНТАКТ ДОКТОР САГУРУ СЕГА ВО ВИВА ЕМИЛИЈА: drsagurusolutions@gmail.com или whatsapp +2349037545183 Тој е единствениот одговор на вашиот проблем и ве тера да се чувствувате среќни во вашата врска. И неговиот совршен во
1 ЉУБОВ
2 WIN EX BACK
3 ФРУТ НА ЖЕНАТА
4 ПРОМОЦИЈА ЗБИР
5 ЗАШТИТА ЗА ЗАШТИТА
6 БИЗНИС СПАЛ
7 Добри работи
8 LOTTERY SPELL и СУД СЛУЧАЈ СЛУЧАЈ.