Да речеме дека малку повеќе навлегов во Еминем последнава година и нешто. Не како Кен Каниф што навлегува во мажи, туку повеќе како Стен. Можеби не ја шатирам косата, но доволно сум опседнат за девојка ми да биде љубоморна што зборам за него 24/7. Таа не ги разбира луѓето како мене и тебе, Слим, никој не ги.
Целата митологија околу него ми е интересна за анализа, а покрај тоа нема рапер на планетава што толку добро ракува со англискиот речник и вештините на микрофонот. Дали го памтиш оној период кога го снема Еминем? Кога одеднаш престана да слушаш за него, исчезна од секој канал на телевизија и ромчињата ги фрлија Слим Шејди маиците? Тоа не е зошто си пораснал преку ноќ, ти се појавиле влакна на смешни места и си почнал да пушиш трева на реге. Еминем стварно го изеде помрачина.

Некаде околу Encore и компилацијата Curtain Call: The Hits, славата почнува да игра поинакви карти. Веќе е зависник од аналгетици, антидепресиви, лекарства за спиење. Од бело дете со желба за рецитирање, за кое до пред некоја година никој не знаел, сега не може да го напушти домот. Во "When I'm Gone" конечно го убива Слим Шејди, ликот преку кој ги манифестира најмрачните фантазии, често маскирајќи ги со хумор за да се оправда полесно. Тука почнуваат шпекулациите дека заминува на некое време, најмногу поради товарот од запоставеното семејство, особено Хејли. Има нешто језиво во тоа спуштање на завесата кон крајот на "When I'm Gone" каде е најмногу нагласено дека нешто различно се случува. Дури и наводната пауза да била замислена како маркетингшки трик, стварите се местат за сепак да се случи. Зависноста доаѓа до критична фаза по смртта на неговиот најдобар другар Пруф во 2006, и вториот развод со Ким. Следува и тоа фамозно предозирање, каде што е едвај спасен, на само два часа од сигурна смрт.
Relapse е издаден во 2009, четири години по Encore, целите срања измеѓу и рехабилитацијата. Меѓутоа, овде Еминем не е тој истиот од претходно. Знаеш дека нешто не е во ред уште од самиот почеток, интрото/скитот "Dr. West". Во дијалог со докторот Вест (гласот е на Доминик Вест), Еминем е на последниот ден од рехабилитацијата од алкохол и апчиња. Почнува прилично нормално, но како што тече разговорот осеќаш дека нешто не е во ред со докторот, зашто упорно зборува сомнителни работи што не звучат баш прикладно за некој што положил Хипократова заклетва. Гласот на Доминик Вест станува се подлабок, подемонски, за да испадне дека е всушност Слим Шејди кој се враќа во животот на Маршал. Делот од него што упорно одбива да си замине. Истиот оној глас на Слим Шејди што го користи од првото The Slim Shady EP. Интрото избива во "3 A.M.", по што следува цел час хорор и психотични теми кои не звучат баш ведро.
Темите ги црпи од последните четири години, користeјќи перспективи на фиктивни сериски убијци и еден куп акценти. Хуморот што се обидува да го протне е задушен од целата гротеска, зошто пред тебе е отворен ум на човек што поминал пекол и ова му е начинот да се справи со тоа. Материјалот е потресен баш поради очигледноста на методите, дури и кога се обидува да го однесе во друга насока. Кога ги одмара тие механизми, те депримира со искреноста, потполно соголен од секаква моќ. Емоциите се превистински на "Beautiful", јо. "Deja Vu" е печатот на соочувањето со смртта, а на "Careful What You Wish For" ги дискутира настаните кои постепено го довеле до таа скоро кобна точка.
"My Darling" ми е една од омилените воопшто, не само од албумов. Според "приказната", ова е вистинското враќање на Слим Шејди. Многу ми е јако кога ќе успее вака да го одвои тоа проклето алтер-его. Ако го отпишеш "Dr. West" како сон, зошто нели, ѕвони аларм на крај, ова е вистинското враќање на Шејди, откако се обидува да го убие во "When I'm Gone". Иако Шејди не е баш јасно диференциран во следниот албум, Recovery, го има во изобилие на The Marshall Mathers LP 2. Има многу добар детал во "My Darling". Кога вика "I'ma get Dre on the phone, I'll just call the Doctor", почнува суптилно онаква клавијатура карактеристична за продукцијата на Дре, и тука ти експлодира главата од генијалноста што ја носи целиот албум. Пуф.

Целиот гнев му е насочен кон себе. Ја нема Ким, а Деби е минимално присутна, но контекстот е поинаков. Единствено се закача со Мараја Кери во "Bagpipes from Baghdad". Темата е премногу таблоидска, но испораката е беспрекорна. Имено, со Мараја Кери иделе неколку месеци, никогаш не признала јавно, кажала нешто што не треба, и на Еминем толку му фали. Ги има направено партал во неколку траки и нејзе и тазе сопругот, меѓутоа само оваа е на албумот. Знаеш како советува Д Гејм? Не се закачај со Еминем. Ќе те уништи. Листата на такви што паднале пред него е предолга.
На албумот има и по некој заебантски обид како "We Made You", ама и самиот Еминем ја мрази, сите ја мразиме. Ептен е присилена да звучи така како што звучи. Веќе е дојден до фаза од која нема враќање назад, па некако е надвор од контекст на материјал кој во главно рефлектира скршен, преполовен човек. Relapse го придружува кратко EP, Refill. Истата црнотија како на албумот, во помала доза, освен онаа ствар со Кање, Дрејк и Лил Вејн што ми е избришана од фолдерот со дискографијата. Јеби га, на издавачот му треба сингл што ќе го врти на радио и тоа сигурно нема да биде "Underground".
Relapse не му е најдобриот албум, далеку е тоа. Не е ни приближно лош колку што Еминем се извинува за албумот, но претставува занимливо сведоштво за кариера и живот што скршнале од патеката. Веројатно и околностите под кој е снимен може да послужат како некаков искупувачки гарант. Обично пресвртите во дискографиите на многу артисти доаѓаат нагло, па ретко го гледаме она што се случило "измеѓу". Relapse е баш тоа, тој јасен премин.

No comments:
Post a Comment