Кога станува збор за музика, оваа година ми е обележана со High Focus Records. Имам тенденција опсесивно да навлегувам со ствари, па во рок од неколку месеци успеав да го преслушам целиот каталог што го нудат. Сè почна толку наивно. Од предгрупа за која првпат слушнав, до тоа да го следам секој здив што ќе испушти некој од нивните артисти. Не ни знам колку сум објективен кога ќе кажам дека сè што издаваат е со исклучително висок квалитет. Веројатно е, зошто не познавам никој што дошол до контакт со лејблов и се пожалил. Не е само до мене, ок? Секој звук е внимателно избран.
Последниот пат кога пишував за High Focus, претставив неколку артисти. Сега сакам да поминам неколку други, со фокус на албумите што ги издадоа оваа година. Зошто постов излезе некако подолг од што беше планиран, ќе морам да го поделам во уште еден дел. Еве ги албумите на Verb T и Mr. Key сега, а новите на Dirty Dike и Lee Scott ги оставам за следна прилика.
Verb T & Illinformed - The Man With The Foggy Eyes
Verb Т е еден од неуморните ветерани на High Focus. Зад себе има богата дискографија, член е на The Four Owls, a сепак некако најмалку успеав да му обрнам внимание. Освен неколку преслушувања на Morning Process, целиот сериозен контакт со него ми беше преку двата албуми на Бувовите. Каква грешка. Verb има многу да каже и петнаесетгодишното искуство на сцената го има изострено да умее како. Низ 19 траки на The Man With The Foggy Eyes мајсторски ја погодува целта, и сталожено проаѓа низ теми за кои други рапери често знаат да се побучни. Искрената скромност, силните емоции и мекото флоу што го користи за да ги износи овие пеесетина минути, го прават албумот еден од најинтересните оваа година.
Благата меланхолија која често знае се интензивира, одлично се лепи на матриците на продуцентот Illinformed, кои во главно се склопени од стари џез и блуз парчиња. Verb прецизно го следи секој ритам, а некогаш е придружен од гости чии вештини секогаш се на исто ниво со неговите. При првото слушање на албумот, заглавив на неколку ствари што морав да ги слушнам неколку пати пред да прејдам на следната. Немаат сите ЈуТјуб линкови, ама пробај да ги чуеш "Forgiveness", "Foggy Eyes", "Pain Avenue", "Fade Away" и "First Stone".
Mr. Key & Greenwood Sharps - Yesterday's Futures
Пред да излезе овој прв соло албум на Mr. Key, приметив како публиката нетрпеливо и фанатично го очекува. Mr. Key е еден од членовите на Contact Play, заедно со Edward Scissortongue, Dirty Dike, Jam Baxter и Ronnie Rush, култен бенд на британската хип-хоп сцена. Во последно време групните активности се некако замрзнати, но речиси цела петорка е активно присутнa преку лејблот. Освен Ronnie Rush, него никогаш не сум го сретнал сам. Во бендот генерално доминиран од Jam Baxter, Mr. Key е еден од тие лиричари чиј талент не успеал да блесне вака независно. Mr. Key се има повлечено и основано бесплатно училиште во некоја шпанска планина, па ова на некој начин е само неговата кратка посета на сцената чие создавање го има лично потпомогнато.
Yesterday's Futures е едно од оние поексперименталните изданија поради кои ги обожавам High Focus Records. Greenwood Sharps е задолжен за психоделичната продукција која на Mr. Key му овозможува да си ја отвори душата низ елегични текстови, носталгија и анкциозна интроспекција. Не знам што му се случило на приватен план, но без оглед на било што, мајсторски ја преточува целата тага во нешто што е блиску до оној мирис после летен дожд кога ќе пукне сонце. Едноставно звучи убаво, и ако можеш да најдеш некоја романтика во ваква тага, Yesterday's Futures е вистинскиот саундтрек за тоа. "Icarus Instinct", "Exact Costs", "Missing You", "Kids Story" и "All Rise" со Ed Scissor се највпечатливите примероци што би можел да ги издвојам. Језиво добар албум, еден од најдобрите што сум ги чул во животот. Строго го препорачувам, без оглед кој музички жанр ти прилега. Ова е повеќе од рап. Ги крши сите можни граници на рап.
No comments:
Post a Comment