Има денови кога импулсивно купувам и купувам, или разгледувам што да купам, па купувам, игри од Стим. Тој сум, од тие што паѓаат на попусти. Како жена што има две соби необлечени чевли. Некогаш ќе се изненадам од тоа што го имам две години откако ќе го пуштам. Некои купувања ми се промислени, со читање рецензии, со претходно спремање, а ако не е некој наслов што свесно го чекам или ми е близок од пиратските денови, претпазливоста ми е необично голема. Таков случај е The Stanley Parable. Минус рецензиите и видеата, поради спојлери кои ќе се потрудам да ги избегнам и во постов. Тоа што го знаев за играта, беше доволно за да ме привлече, но некако ме успоруваше мислењето што си го создадов од целата таа претенциозност која мислев дека ја носи со себе. Лани кога конечно се решив да фрлам пари, сфатив дека сум направил правилен избор. И, нормално, дека малиот сомнеж бил неоснован.
Бидејќи играта нуди петнаесетина можни завршетоци базирани на одлуките што ќе ги направиш (или нема), завршив некако прерано при првото играње. Во моментот кога помислив дека сум ја сконтал поентата, ја баталив за некое друго време. Тоа време дојде деновиве, кога сум најрасположен за вакви нестандардни игри. Деновиве играв нешто подолго од дваесетина минути и успеав да ја завршам на неколку начини. Не броев колку, ама сите беа различни, претпоставувам дека останува уште третина?
Главниот лик во играта е Стенли. Или не. Ти си Стенли? Или гласот што ги нарира сите твои чекори уште пред да ги направиш е можеби главниот лик? Тоа е првата нестандардна работа што ќе ја приметиш. Играта почнува во мала канцеларија, каде што Стенли, или вработениот број 427, вредно робува на капитализмот, притискајќи копче и чекајќи нови досадни, репетитивни задачи. Во моментот кога ќе забележи дека неговите колеги ги нема, решава да направи нешто во неговиот досаден живот и да талка и истражува низ празната голема зграда на компанијата.

Шармантниот британски глас го нарира сето тоа од самиот почеток. За кратко време, играта ќе ти понуди избор, пример две врати, нараторот кажува дека Стенли тргнува низ левата, но твој е изборот дали ќе ја следиш нарацијата или ќе влезеш низ десната врата. Со секој ваков избор, исходот е различен. Некогаш ќе одиш по истиот пат, но мало скршнување ќе те доведе до нешто сосема поинакво. Нараторот, во главно, се потсмева на твојата илузија за изборот и последиците, ги коментира твоите погрешни постапки во играта и надвор од неа, секојдневните стравови, расфрлајќи се со социјални коментари низ сатира, мета референци и кршење на "четвртиот ѕид".
Ако не го сфатиш хуморот и си чуствителен, веројатно ќе сакаш да го задавиш нараторот и целиот тим зад играта. Некогаш со постапките ќе успееш и да го натажиш, да го уплашиш, но на крајот пак си ти тој што завршува таков. Често збунет и со прст на глава. Затоа и прашањето, кој кого и што игра во The Stanley Parable, ако целото искуство ти е усогласено со мислите што те држат буден доцна во ноќта? Затоа играта ми е толку импресивна, не само поради нелинеарноста."Овој свет не е создаден за ти да го разбереш".
Со минимални спојлери, најголем впечток ми оставија три завршетоци. До првиот дојдов преку искусување на други игри во самата The Stanley Parable. Да, во еден момент нараторот е толку изнервиран поради тебе, што почнува да ти мрчи за игрите што ги играш и за тоа колку оваа е над нив, па ќе те префрли на кратко во нивоа кои имитираат две многу познати игри. Другиот е во музеј составен од сите асети на играта и одлуките што си ги правел. Играта тука е веќе целосно мета, воведувајќи и друг наратор кој зборува за твоето искуство со главниот. Третиот, веројатно најтажниот, ѕирка внатре во просечниот човек за кој нема ништо надвор од кутијата. Те држи тебе, Стенли, нараторот или што и да сакаш да мислиш, во ситуација во која немаш, или изгледа дека немаш избор. Стискаш копче за да ѝ кажеш на сопругата дека ја сакаш, стискаш копче за да отидеш следното утро на работа и копче за да останеш досаден роб. На крајот, културно те замолува да умреш, рестартирајќи ја играта од почеток.
The Stanley Parable е апсолутна десетка. Едно од најдобрите гејмерски искуства. Дури и Стим ачивментите се дел од тој мета концепт. Има ачивмент кој се добива ако пет години не ја уклучиш. Нормално, можеш да ја "прелажеш" играта, но самото тоа што те поттикнува на такви ствари е доволно јако. Или ачивментот со кликање пет пати на вратата број 430. Мислеше дека е толку лесно? Епа, не е баш. Не можам доволно да ја препорачам. Играј ја. Трае толку колку што сакаш да трае, завршува во моментот кога ќе посакаш да заврши. Макар и да е со упорно скокање од високо додека нараторот те моли да престанеш.
Види такоѓе:

No comments:
Post a Comment