December 28, 2014

Зделка на денот: Lara Croft and the Guardian of Light

Господарот Гејбен традиционално овозможи празнична распродажба на Steam. Секој ваков попуст завршувам со игри што никогаш нема да ги пуштам, игри што ќе ги играм неколку минути и некои што нема ни да приметам дека се дел од мојата скромна колекција. Една од тие можеше да биде Lara Croft and the Guardian of Light, меѓутоа оваа ја пазарев свесно, а не во транс од ниската цена. Значи, сакаш да играш Tomb Raider, ама си глуп и немаш трпение да се справиш со предизвиците? Си живеел во заблуда мислејќи дека играта е глупа зошто се разликува од сите останати наслови во серијалот? Имаш вишок 300 денари што сакаш ги инвестираш во саати дигитална забава? Колку далеку се слуша ехово-во?  


Кога излезе Lara Croft and the Guardian of Light, ја отпишав ради глупи причини, без да се потрудам да видам што точно е. Ми изгледаше како клон на нешто друго што го играв тогаш и дури сега ми го фати вниманието. Не е истиот жанр како останатите Tomb Raider наслови, меѓутоа атмосферата е задржана во целост. The Guardian of Light е изометрична акционa аркадна игра која го комбинира hack'n'slash жанрот со (многу) поблаги варијанти на механиките од "стандардниот" Tomb Raider. Лара ја трчаш низ древни храмови и гробници, скокаш и пукаш во бранови од непријатели, собираш артефакти и слични ситници,  со по некоја препрека по пат, некоја затворена врата која се отвара прилично лесно, верувам со цел за да се задржи темпото на играње. Гејмплејот е брз, но ништо не те спречува да разгледуваш околу и да се воодушевуваш на графичките детали што ги нуди оваа навидум мала игра. Нивоата изгледаат преубаво.

Има арсенал од оружја, од пиштолите до огнофрлач, ама моментално најзабавно ми е копјето што можеш да го закачиш на ѕид и да се качуваш по него. Добар дел од гејмплејот се базира баш на тоа, зошто некои препреки можеш да ги поминеш само со копје низ нив. Нешто како во вистинскиот живот. Приказната е тука присутна само колку да го оправда целиот овој покољ што го правиш со Лара, така што не е толку интересна за да навлегувам, а не е ни толку битна зошто поентата не е тоа овој пат. Заразна адреналинска забава е.

Има и co-op некаков, рецензиите што ги читав звучеа многу подобро кога се спомнуваше тоа. Она што е импресивно, е една од ретките игри на Steam чиј просек на рецензии од заедницата се води како overwhelmingly positive. 95% од 1014 играчи ја препорачуваат. Статистикава не ја вадам од газот. Дури има и продолжение кое излегло пред некој ден.

2 comments:

Random nobody said...

Јас се фасцинирав од ко-оп моментот. Онака има проблем на екранот и двајца се трудите да го решите кој попрв, размислување на глас, oh the joy :))

А за најновава треба да ми стигне за некој ден, мада puzzle моментот е ептен нерфнат.

Пиши кој ти е steam јузер.

Бојан Николов said...

Crapwerk ми е стим јузер, се имаме. :)

Малку ја баталив играва, зошто ја го играм рибутот од Tomb Raider и ептен ме бендиса, планирав и постче деновиве. Ама, може да се проба ко-опот на ова. :)