Веројатно мојата помала наклонетост кон Mad Max серијалот не ми дозволува да му се обесам на трејлерот за Fury Road како на Terminator: Genisys (болката од насловот никогаш нема да исчезне). Еј, кој на што си растел! Сигурен сум дека има Mad Max фанови што со стегнати тупаници гризат бироа за постоењето на Fury Road и можам да ги разберам. Жал ми е, ама да не се повторувам. Мене ми се свиѓа трејлерот за Max Mad: Fury Road.
"Samo nam je bitno da se vozimooo"
За Mad Max многу ми е интересно е што има слична судбина со Rambo. Првите два филмови се различни од остатокот од серијалот, различни од она што ја дефинира генералната слика за фрашнзите. Целиот остаток како таков, се има втемелено во поп-културата и многу е пологично новиот Mad Max да е поблизок со The Road Warrior. Всушност, баш тој втор дел од поодговорен за идентитетот на Mad Max и низата филмови што ги има инспирирано. Лично мене, тој ми е и најдобар. Одлично функционира како мајндлес пост-апокалиптична акција. Истото го ветува и Fury Road. Колку можеш да заебеш филм за борба меѓу банди што изгледаат како мамурни посетители на геј садо-мазо клуб, за гориво во австралиска вукојебина? Колку можеш да очекуваш многу од таков филм каде што истите ликови возат модифицирани отпади за железо? Еј, а па колку можеш да очекуваш од филм за робот парадоксално пратен од иднината, а? А? Ње-ње-ње.
Fury Road го ветува она што го содржи The Road Warrior, минус еврејските расисти. Сигурно не го очекуваше некој Мел Гибсон, нели? Том Харди ми изгледа како фин избор, дури и за улога која што не верувам и се надевам дека нема да ја продлабочуваат. Мислам, не мора да гледаме љубовна приказна во пустинана, океј? Ако е така како што изгледа, како The Road Warrior на крек, јас ќе сум пресреќен што прв ќе се нацртам со пуканките. Се надевам дека Џорџ Милер нема да се измоча врз она што го има направено богат и славен.
Max Mad: Fury Road пристигнува на 15 мај 2015.
No comments:
Post a Comment