Без разлика дали си фан само на оргиналната трилогија, Џар Џар Бинкс, сè што е Star Wars или си се качил на возот само затоа што менталитетот на стадото "кул деца" и The Big Bang Theory така ти наложилe, една работа е непобитен факт. Star Wars е најголемата забавна франшиза во историјата на постоењето. Затоа, единствениот начин за да го игнорираш хајпот за The Force Awakens е да се исклучиш од интернет следниве неколку години. Допрва почнува. Ако 88 секунди тизер може да го свртат интернетот наопаку, замисли што ќе прават следните детали за филмот.
Од денес, во секој нареден пост ќе ја ставам сликава.
Верувам дека само децата во Сирија и изолирани африкански племиња не го изгледаа. Остатокот веќе е поделен од тие 88 секунди кои и не откриваат нешто многу. Но, самото тоа што е Star Wars, и тоа Star Wars после години од Гангани и Хајден Кристенсен, е доволно да изгенерира ваква хистерија. Краткиот тизер ги прикажува новите главни ликови, Татуин, новите Стормтрупери, X-Wing сквадрон што надлетува некоја вода, Фалконот и.. и (веројатно) Sith со малку... чуден лајтсејбер. Последново е најодговорно за поларизираната атмосфера моментално.
Мене лично, не ми е по ќеф. Доволно се кул сејберите такви какви што се и баш таму е привлечноста. Лајтсејбер "инженерите" на интернет на кои им се допаднал дизајнот, веќе почнаа да се расфрлаат со технички и практични причини зошто е таков каков што е. На другите, ни останува да се надеваме дека Џ.Џ. Абрамс не претерал со дизајнот и кај другите сејбери. Ако целта било "лошиот" да има уникатно орујже како Дарт Мол, тогаш веројатно ќе може да се премижи.
Рано е за да се создаваат цврсти очекувања за The Force Awakens. Џ.Џ. Абрамс како и секогаш, ги држи деталите за приказната во тајност, со што само придонесува за поголем хајп. По не знам кој пат ќе кажам, нема шанси да е полошо од приквел трилогијата. Нема шанси. Освен ако некој бил слеп пред цело тоа негативно моџо што го носат тие три филмови.
4 comments:
Jar Jar Abrams...
btw зошто стормтруперот е црн ко ноќ? не се сите исти клонови? лајтсејберот нема ни да го коментирам..
ако на тизер од 88 секунди може да му се најдат волку рачки, страв ми е да помислам што ќе е со филмот.
Мислам дека Стормтруперот не е баш Стормтрупер, него црнецов е еден од главните ликови и веројатно го "позајмил" оклопот. :)Како што знам, од периодот пред A New Hope, Труперите не се само клонови, туку има и доброволци и регрути. :)
претпоставував дека е нешто такво, нема шанси до толкава утка да направат :)).
А и за лајтсејберот ти е добар муабетот, осеќам дека оптимизмот е силен во тебе :)).
Да се надеваме дека Хан Соло е звер каков што е, и ќе ја спаси галаксијата уште еднаш со тоа што ќе го спаси новиот Star Wars :)).
Соло е стар, ама ќе проба. :))
Post a Comment