Благодарание на пиратеријата и тоа што Showtime ги продаваше епизодите недела дена порано пред да се прикажат на телевизија, ете го финалето на шестата сезона по торентиве. Без спојлери, ова ми беше најтапа сезона до сега, што и не беше баш тешко да се предвиди на почетокот. Спојлери подоле.
Значи, сезонава исфура според истата формула присутна и низ претходните неколку, каде што за чудо функцонираше перфектно. Имаш некаква распашана ѕвезда за која Хенк треба да напише нешто, цура која ги држи раздвоени со Карен и терање на Ранкл во крајност. Беше интересно првите неколку пати, зошто секогаш висеше нешто во воздух што додаваше некаква тензија и ја гураше серијата. Тука веќе сè е видено. Ликовите, а и актерите веќе изгледаат уморно. Да не ги сакав толку, веројатно ќе се откажав уште на средина сезона.
Крајот не беше ништо посебно. Пак ги остави Хенк и Карен за следната сезона, нели кога пак нешто ќе се испречи на пат и настаните ќе се вратат на почетната точка. Марси и Ранкл се земаа пак, зошто не ни имаше каде да се носат тие ликови. Сценаристите се откачија и од Бека, што мислам дека беше вистинскиот потег. Тек па нејзиниот лик веќе немаше што да прави. Ако ја вратат, ќе биде онака една-две епизоди. Време е за последна сезона, зошто толку е. Редно време е да се заокружи приказната, пред да продолжи да се упропастува. Штета е ваква добра серија да заврши ко шпанска серија (тоа и почна да станува).
Јака светла точка во сезонава беше Меги Грејс. Милина. И, Лу Ешби како дел од потсвеста на Хенк. Закон лик беше тоа. Еден од најдобрите во цела серија. Лошите страни подобро и да не ги спомнувам. Имаше многу претерувања, својствени за онакви ефтини комедии што сериозно не ми е јасно како некој ги одобрил и мислел дека се океј. Ама, кога ќе се повикаш на сцената со сонот на Хенк од првата епизода на серијата, јасно е дека идеите ти се при крај. Со саундтрекот инаку се добри како и секогаш, тука нема простор за жалба.
Денес почна и Game of Thrones трета сезона. Ќе гледам па ќе пишам покасно, утре или кога и да стигнам.
No comments:
Post a Comment