July 28, 2012

The Dark Knight Rises (2012)

Во една од рецензиите што ги читав за филмот имаше фина паралела на концептот од The Prestige со Бетмен трилогијата на Нолан. Имено, секој магионичарски трик се состои од три дела или акти. Првиот е "Залогот" каде што магионичарот покажува нешто навидум обично, како шпил карти. Вториот дел, "Пресвртот", е оној кога магионичарот обичното го претвора во необично, кога ја бараш тајната зад трикот на некое погрешно место. Третиот дел е "Престижот" каде што магионичарот го враќа она кое исчезнало за времето на трикот.

Третиот акт од трилогијата на Нолан е токму тоа. Престижот. Она што те остава нем, додека аплаудираш. Она што го прави целиот трик комплетен. Па, пред да почнам да го пренесувам синоќешниот впечаток од The Dark Knight Rises, да предупредам дека има многу, многу спојлери.

Готам е без Бетмен осум години, од смртта на Харви Дент. За да го зачува идеалот на Дент, тој ја превзема одговорноста за неговата смрт, оставајќи го Готам во привидна хармонија, со регулиран криминал и некое гробно затишје. Другиот што ја знае вистината за Дент е Гордон, но молчи за да го зачува мирот, додека тоне во вина. Додека Бетмен се крие, се крие и Брус Вејн. Осум години е повлечен од јавноста, со смртта на Рејчел на неговата совест. 

Во Готам е мирно, но бурата доаѓа со Бејн, криминалец и терорист кој заедно со својата армија планира да го срамни градот со пепел. Доаѓа време кога Бетмен мора да излезе од сенките и да соочи со нешто кое и за него премногу. На другата страна е закана, поткрепена од истите луѓе кои помогнале при воздигнувањето на Брус Вејн како Бетмен, закана со мотив кој умешно ги поврзува точките со Begins, приредувајќи пресврт кој јас не го очекував.

Бејн каков што беше преставен во филмов, е токму тоа што беше потребно за маестрално да се заклучи оваа трилогија. Со неговата суровост и бруталност, успеа да се издвои од претходните негативци, до тој степен што на моменти го правеше Џокерот на Хит Леџер да изгледа како обична настинка во време на чума. Сцената во која првпат се бореше со Бетмен го имаше оној филинг од финалната пресметка помеѓу Вејдер и Кеноби. Напнато до максимум, без музика, каде што со окорени очи тапкаш со ногата и си ја гризеш тупаницата. Бејн го остава Бетмен со скршен р'бет, баш како во стриповската историја. Баш како што претпоставував дека ќе се случи и мислев дека тоа ќе биде крајот на филмот. Но, не. 

Бетмен е тешко повреден, Брус Вејн банкротира и се наоѓа во затвор од каде што никој не излегува жив, но преданието вели дека во минатото, некое дете успеало да се искачи низ тунелот кој води кон слобода. Во меѓувреме, Готам е фрлен на колена, под заложништво на Бејн и неговата армија убијци. Полицијата е покорена, а армијата принудена да се држи настрана. Бејн сакаќи да ја "врати" контролата кај граѓаните, буквално ги лови полицајците и ги казнува сите оние кои се обидуваат да го напуштат градот. Брус е приморан да го следи телевизскиот пренос од теророт на Бејн, и собира сили за да застане на нозе и да го одбрани сограѓаните. 

Со помош на Гордон и Блејк, успеваат да го ослободат Готам во сцена за која можеби ја имам и единствената забелешка. Целата таа акција низ градот траеше неколку минути подолго, до степен да се запрашам дали Нолан се обратил кај Мајкл Беј за некои моменти, и кога ќе се појават Трансформерите. За среќа, кулминацијата беше многу поголема од ситната забелешка, бидејќи тука завладеа најголемата тишина што сум ја осетил во кино. Дали Бетмен експлодира со бомбата, жртвувајќи се за градот на кој најмногу му беше потребен? Дали симболот кој го остави зад него ќе е доволно како надеж и утеха за неговите граѓани? Дали Нолан е до толку храбар да направи нешто вакво? За среќа, имаше хепиенд кој предизвика силен аплауз, онаков искрен, а не сељачки како што се случуваше на The Amazing Spider-Man.

За крај, морам да си ги голтнам сите лоши зборови што ги кажав за Ен Хетавеј како Селина Кајл. Феноменално си ја заврши работата, комплетно се носеше со ликот кој пак беше одлично адаптиран за да функционира во овој универзум. Сосема доволно видовме од неа и баш си беше на место. Никаде никој не и се обрати со Кетвоман, и баш таа суптилност ја направи уште подобра и пореална. 

Еј, да. Имам и уште една забелешка. Нешто што не направи некоја разлика, а ми делуваше како да не припаѓа тука, е она што го доби Блејк на крај. Немаше апсолутно никаква потреба толку комплетен лик да се асоцира со Робин. Си беше и така супер. Се прашувам што ќе се случеше доколку Џокер не умреше со Хит Леџер. И, во кој правец можеше да тргне целава оваа приказна. Го видовме Крејн пак, па дури имаше и Килер Крок референца некаде на почетокот.

Нолан остави ремек дело за генерациите кои доаѓаат и допрва ќе растат со Бетмен како лик. Дело кое сега е комплетно и антологиско. Секој обид да се пренесе Бетмен на филм во следниве десетина години би бил осуден на пропаст. Ќе треба време ова да истлее до тогаш. И, сигурен сум дека нешто пропуштив. Мислите уште не ми се целосно средени, така што може да се промуабети филмов уште еднаш понатаму. 

9 comments:

Влатко said...

ОГРОМНИ СПОЈЛЕРИ!!!!

хммм како дупките во Прометеус ти пречеа а овие не? :)

како цајканов знае дека овј е Бетмен,
како БЕтмен толку брзо се враќа у форма на почетоко на филмот и после кичмата му се опоравува за 20 дена,
како се враќа у ГОтам без никаква технологија, опрема, и без никој да примети кога градот е затворен, и налетува баш на КЕтвоман,
што е финтата со дупката, кога дете може да се качи и на врвот има јаже кое секој може да го спушти за другите,
зошто кога бомба отчукува Бетмен си прави знакови од оган и тоа на тенок мраз ,
како сите изрипуваат од нигде на право место и у право време, на пр. како знаеше Кетвоман каде е Бетмен на крај во тој хаос,
Скеркроу што е со овој лик? и у претходниот дел и у овој се појавува на кратко и толку,
како еден толку познат човек си го лади у некој кафиќ без променет изглед,
итн....

Што е со сецкањето, милион кратки сцени лошо измонтирани, еве го БЕтмен збори со Алфред, оп БЕтмен стои 2 секунди на некоја зграда, оп трета сцена нешто сосема друго, чекај бе малку

Доста ликови се појавуваат на кратко па ги снемува како МЕтју Модин на пр. што го зимале него уопште, исто како Гај Пирс што е неискористен у Прометеус

нема негативец кој е на подеднакво ниво како главниот херој. БЕјн има мала минутажа у која освен што крши вратови (2 со рака, 1 со нога) и 1 кичма, не видов друго од него, и како умре, го снема од кадар, ни добра смрт не му дадоа.
Кетвоман никаков шарм ни идентитет, не знаеш дали е Кетвоман или Бетгрл
:)

Мерион Котиљар беше предвидлива поради нејзиниот акцент на почетокот.

Освен најдобриот момент у филмот -Бетмен версус Бејн (и тоа Бетмен се тепаше нефер,педерски :P) и возбудливиот крај, последните 20 минути, останатиот дел од филмот не ми беше толку добар, на тоа ниво.

не ме чуди што нема да има ниедан номинација
http://www.worstpreviews.com/headline.php?id=25545&count=33

Бојан Николов said...

Секој филм има дупки. Некогаш се подносливи, некогаш не се. :) Има веројатно некое објаснување за тоа како Бетмен се врати назад. Нели има подземни тунели низ градот преку кои предок на Брус Вејн ослободувал робови? :)

Во сцената со Скеркроу, требало да е Џокер тоа, ама... Уште тогаш приметив дека повеќе на него би му одговарал тој дел, и испадна стварно било планирано.

Има некои ствари што се онака избрзани, фак ит, премногу идеи, а времето било толку (малку). Лично, не ми сметаше. :)

Селина Кајн беше баш тоа што требаше да биде. И во стриповите е таква, се здружува со Бетмен, иако често е на другата страна од законот. :) Јас бев крајно против Ен Хетавеј за улогата (Оливија Вајлд ми беше посоодветна), ама супер испадна. :)

Талија не ја предвидов, тоа ме изненади.

За номинации не е битно. Јас сум задоволен од тоа што го гледав. :)

Darko said...

1. Ми сметаше:
- премногу карактери, премалку време
- бесмисленоста во транапортот на супероружјето во последните 15 минути, по појавувањето на бетсигналот во оган на Градата.
- бетсигналот во оган на зградата (истото ми сметаше во првиот Punisher)  
- тоа што Бејн го сведоа на џентлмен што го обучиле да се тепа и има армија со која сее страв. Не беше ни генијалец ни лидер, но имаше супер дикција за одржување говори.
-Бетмен дека влезе во општа туча наместо да го донесе Бејн на негов терен. 
- паралелите со Occupy и V for Vendeta (кои се како втората страна на паричката од Avatar - the legend of Korra)
- ја убија Талија 


2. Ми се допаѓа:
- имаше гик порн моменти од митосот на Бетмен
- борбата се сведе на маска против маска (Бетмен VS Бејн) и лидер против лидер (Талија VS Блејк). Придонесот на Селина и Гордон во конечната битка го сведувам на - првата го направи тоа што Бетмен одбива да го направи (и тоа со симболично оружје што е користено за ослободување на полицајци (тоа беше тунелот?) и уништување на тенковите на опресорот. Вториот имаше безсмислена потера и бромантичен поглед пред да ја земе бомбата со Бетот.


2. Ме збуни:
- зошто не направи ништо Алфред (многу ме збуни и неговата одлука)

-Што стана со Морган Фримен
- очекував по сексот со Талија да го наговестат Дамјан (и Бојан тука да сфати која на рока Брус).
- како мастер детективот Бетмен не сконта дека Бејн лаже кога му рече дека светлината прв пат ја видел кога бил стар (оваа реченица нека ви седи во глава кога пак ке го гледате филмот и следте ја приказната на Талија)
-зошто полицајците имаа супер униформи и беа тазе бричени. И зошто идеа на јуриш. Толку не учеле за диверзии и расцепкан напад (куршум во главата на Бејн испукан од полицаец во цивилка што не е во толпата? ) со пиштоли.


Има уште многу ама сето ова се непотребни зафрканции што може да ги има уште милион, но на крај нема даго  сменат фактот дека филмот беше добар Бетмен филм што поради 60те монолози за влакно се протнува во категоријата топ 250 филмови.

Бојан Николов said...

Дарко, да ти реплицирам на (делови од) првата и последната точка. :)

Се слагам дека го отупеа малку послените 15 минути. Ко што реков, Нолан ко да примил предлог од Мајкл Беј. Али јебига, како ќе продадеш блокбастер ко блокбастер на широка маса без да срушиш неколку блока? :)

И, доколку има некакво продолжение што ќе ги земе во предвид настаните од Rises, очекувам да го видам Демиен. И, Талија да не е мртва (Lazarus Pit?).

Друго.. не е битно што стана со Фокс. И, онака е лик во позадина што знае кој е Бетмен (иако директно не потврдува нигде), не се замара што прави со оружјата и возилата... Така да, го снема - ништо чудно. Ако видиш, не ни беше баш тука, нели? :)

На крај, "ситните недостатоци" и не се битни. Нема дело без такви, иако често го користиме терминот "совршено". :) Ако сакаш, ќе најдеш, тоа ми е муабетот. Освен у Prometheus, таму ептен штрчат. ;)

Bojan S. said...

Darko, Alfred ne bi imal nekoja vazna uloga vo toj haos. Star covek bi dobil infarkt posle takov stres. Zatoa pretpostavuvam Nolan go izbrka na pola film.

No, site ovie propusti da se vnesea vo filmot, koj sam po sebe trae 2 saati i 40 minuti, toj bi trael preku 3 ipol saati/

Ivana said...

Филмот беше одличен и откако ги изгледав предходните 2 дела уште повеќе се склопи приказната и даде целина на целата трилогија. Филмот беше ол американ, д хиро сејв д деј анд шит, затоа пристапувам помалку критични на филмот од што нормално би . :)
Се согласувам со Дарко за премногу карактери, премалку време, тоа беше првото нешто што го забележувам на филмот, имаше материјал за уште еден филм ко ништо.
Следно, кога некој ме потценува како гледач крајно ме курчи. Каде го осетив тоа -конкретно во ситуацијата кога прв пат имаше фрка доле во канализацијата, очекуваната реакција е SWAT / Национална Гарда / Алфи / Волци да се мобилизираат и да сузбие тоа од корен, а не откако се ќе отиде упм тогаш да се реагира и тоа како-цела полиција на Готам пешки да тргне по тунелот! И нивното заглавување таму беше очекувано и заслужено.
Ен Хатавеј ме изненади позитивно, а две работи не ми се допаднаа во приказната на Селина Кајл: 1.Фактот што пробаа да ни ја прикажат како "она сега се' ќе направи да живее нормален живот и да ја има таа можност нема да биде криминалец". Не баш. Иако она често е во "сивата зона" му помага на Бетмен и го заебува кога и одговара, сепак, криминалец е и кога би имала милион, пак би крадела.
2, Ниту едно маче не се прошуња низ цел филм. Неопростливо
П.С. ова не е се', морам да станам, ќе довршам во следна прилика :)

SHTIRAK said...

Дечки само едно прашање: Од кај и е лузната на грбот на Талија, а покасно и на грбот Бејн се видоа повеќе лузни.
Иначе на мене ми остави впечаток дека од сите три дела на Нолан во овој најмалку доминира Бетмен. А и некако како најмалку внимание да му посветиле баш на главниот лик. Можеле уште малце да поработат на сценариото и тајмингот на сцените. Многу брзо се дешава воведот и расплетот/крајот док у средина има многу сцени што може да се пократки или да ги нема. Како и да е сума сумарум ФЕНОМЕНАЛНо финале =) Поздрав

nikola said...

top e filmot. inaku za seckanjeto i montazata reziserot e poznat po brzata montaza i preripuvanjeto na nebitni stvari poglednete mu gi drugite filmovi i kje go primetite toa. sepak najdobar nolanov batman mi e batman begins pa the dark knight i na kraj the dark knight rises..so posledniov del primetiv mala prezasitenost od batman filmovi taka da ubavo kje bide da odmori fransizata nekoe vreme

Sawyer said...

Поздрав Крапверк... Јас имам блог на друга платформа. Имав посветено два поста на филмов па еве ќе ги пратам линковите со моите видувања и теории.

http://raznorija.blog.mk/2012/08/16/the-dark-knight-rises-prvi-vpechatoci/

http://raznorija.blog.mk/2012/08/17/the-dark-knight-rises-moj-osvrt/

Инаку гледам многу се коментира за дупките во филмов (а има неколку)... Само ќе кажам дека дупки (и поголеми од овие) има во многу легендарни филмови (Empire Strikes Back, The Sixth Sense, Citizen Kane...)