Привршува Summerfest ивентот, а мене сите квестови од истиот ми се комплетирани уште пред некој ден. Конечно ивент каде што се гледа дека Trion се потрудиле малку повеќе од претходно. Прв пат ивент со квестови каде што е потребно малку повеќе од трчање, убивање и собирање на дрангулии слични со секој претходен. Новите квестови од Scavenger ловот, беа претставени буквално со гатанки, кои откриваа што всушност е квестот, како и каде треба да се изврши. Па, во неколку наврати завршував во најзафрлените места во Телара каде што немав стапнато долго, долго време.
Summerfest пунктот. Претходно беше лавиринт, а го сменија зошто деца со ADHD се губеа внатре.
За жал, неколку пати девелоперите мораа да реагираат со намалување на предизвиците, за играчите кои плачеа за тежината на квестовите да можат да си го "добијат она за кое платиле". Новава генерација на ММО гејмери очигледно сака да добива ствари на тацна, без малку да се потруди и да размисли. Затоа и World of Warcraft е денес тоа што е. Тоа е веќе друга тема која ќе ја чепнам во некој иден пост.
За Conquest спомнав нешто и претходно. Три посебни фракции, сместени во зона која може да издржи илјадници играчи во исто време. На почетокот беше хаос, имаше огромни лагови кои го кочеа буквално цел сервер. Откако го решија тој проблем, се појави нов кој мислам дека сеуште трае. Значи, Conquest е нов мод, удобна зона за хардкор PvP играчи, а си повлече еден куп нови претплатници и врати голем број од старите. До толку е добро, затоа и единствен период кога успевам да се уклучам е оној дел од денот, измеѓу станување и пиење кафе пред работа. А, за тие 40-тина минути не ни можеш да го пробаш како што треба. Една битка трае со саати, а до следната има долга пауза по која местата се пополнуваат за десетина секунди. Ако успеам некогаш да завршам партија, ќе пишам.
Conquest во Stillmoor.
Друга интересна работа што ја воведоа во 1.9 печот е Mentoring системот. Ефективна финта со која играчите со левел 50 може да си го намалат левелот во секое време. Корисно за играчи што сакаат да им помогнат со левелирањето на поновите другарчиња, како и за завршување на пропуштени квестови. Левелот автоматски се намалува и при инстант авантурите кои сега ги воведоа и во зоните за помали левели. По долго време, убаво е да се види како секој дел од Телара е активен. Рифтовите со мал левел повторно се закана и здржуваат десетици играчи, баш како што беше на почетокот. Баш тоа ја правеше играта интересна и фино е што тој момент е пак присутен.
Завчера нашиот сервер имаше прилика да поразговара со Elrar, главниот менаџер на заедницата и битна фигура од Trion. Одговараше на прашања на играчи, примаше забелешки и предлози, a муабетеше и за Breaking Bad. Најбитниот дел од муабетите со Elrar е тоа што нема да има нови раси во Storm Legion. Јебига.
RIFT си продолжува понатаму и од летово пак им оди супер. Доколку сакаат да го одржат моменталниот број на играчи, ќе мора да извадат 1.10 печ пред експанзијата.
No comments:
Post a Comment