December 21, 2011

Homeland: Крај на првата сезона

За тие што не гледале Homeland, ќе кажам дека ова е најдобрата нова серија сезонава. Далеку поквалитетна од останатите за кои се збореше седум години пред да почнат да се прикажуваат, и на крајот испаднаа тапа. Да, за тебе зборам Terra Nova. Затоа, препорачувам итно гледање на Homeland, дванаесет епизоди се, под услов гледачот да располага со едно слободно попладне, како би ги изгледал сите во еден здив. Јас чекав секоја недела за нова епизода, додека прецртував денови на календарот. Значи, тие што не гледале нека прекинат со читање тука, зошто секој спојлер би значел уништување на искуството кое го нуди серијата.

Е, сега, тие што догледаа до крај и ја сфаќаат големината на Homeland, нека продолжат понатаму. Пред сè, да кажам дека серијава покажа храброст што е редок случај во приказни каде што Американците се борат против тероризам. На почетокот можеби изгледаше како тие повторно да жртви на муџахедински структури, без притоа да се погледнат двете страни на војната. Моментот кога серијата ќе покаже дека не е сè црно и бело, и дека двете завојувани страни играат поденакво валкано, тогаш се оправда мотивот на Броди.

Некаде на пола сезона сценаристите успеаа да го оттргнат сомнежот што веројатно веќе беше создаден кај публиката, прикажувајќи го Броди како жртва, а не како терорист кој го свртел грбот на сопствената земја. Но, уште во следната епизода, видовме дека Броди навистина планира напад врз САД и има издржан мотив за тоа. Како што самиот кажа во последната епизода, има маринска заклетва да ја брани неговата земја и од надворешни, и од внатрешни непријатели. 82 муслимански деца гинат во напад од американско летало, инцидент кој владата на САД го крие од јавноста. Причина плус за Броди да ја прифати агендата на Абу Назир, терористот кој е воедно и татко на едно од децата. Како што видовме, додека Броди е заробен, поминува долго време зближувајќи се со детето чија смрт неговата земја се обидува да ја сокрие.

Дека Броди е решен да оди до крај со остварување на мисијата на Абу Назир, се виде и во последната епизода. Тука има простор за дискусија, особено за самиот крај, зошто верувам дека никој не очекуваше така да заврши. Вокер, другиот заробен маринец за кој Броди веруваше дека лично се погрижил да не е жив, во координиран напад успеа да ја притисне метата на Абу Назир во простор каде што Броди требаше да изврши самоубиствен напад, прерано заврши. Финалето ќе беше многу поефективно доколку завршеше со прстот на Броди на чкрапалото, или некаква експлозија. Вака испадна како да ја видовме последната епизода од оваа сезона, заедно со првата од следната. Дури и Броди да го истераше нападот до крај, можеа комотно да ја продолжат втората сезона со Вокер како централен лик, да ја видиме и неговата приказна.

Како и да е, тоа не ја прави серијата ни малку полоша. Само што незнам во кој правец ќе се движи понатаму и дали ќе успеат да ја задржат напнатоста како клучен елемент. Досега, немаше никакво промашување, ниту во приказната, ниту во ликовите. Дали сценаристите намерно ја завршија вака во случај да нема втора сезона (потврдена е, но може сè да се случи), ќе се знае дури следната година.

За крај, ќе кажам дека Homeland е сè она што Rubicon можеше да биде.

6 comments:

Random nobody said...

Јас Alphas почнав да гледам ама некако испаѓа дека е компилација од повеќе СФ серии што имаат излезено. Нејсе , ако бараш разонода супер серија е.

А за Homeland, ја немам почнато. Планирам со Person of Interest да почињам ама има време .. пун куп игри имам за играње :)

Бојан Николов said...

Гледав Alphas прва епизода и некако не ми се свиѓаше. Homeland обавезно почнувај, топ серија е. :)

Person of Interest првите неколку се океј, концептот е супер, само што незнаат да го фураат ко шо треба. Ќе си видиш. :)

А, за игри, тек од следната година. :)

Tomi said...

Сабајле ја изгледав последната епизода, која само ми го потврди впечатокот кој го имав уште за 3тата: серијата е ФЕНОМЕНАЛНА, просто неверојатно дека доаѓа од американска и пред се, холивудска продукција.

Рубикон исто беше топ серија, само изгледа премногу сложена за просечниот американски гледач, па ја укинаа :(

Бојан Николов said...

Мене ме чуди што ќе биде втора сезона, зошто Броди малку го смени гејмплејот. :)

Anonymous said...

Мислам дека ќе фураат и даље напнатост, затоа што вероватно Броуди ќе биде во сенатот, и со тоа еден чекор пред хоумленд секјурити. Местенки, напади, заплети и сл. Највише ми е жал за Кери, а башка моментите во последните 2 епизоди се потпуно како би реагирал нефилмски карактер во таков момент.

Миќи.

Бојан Николов said...

Броди беше поинтересен вака, мада ќе видиме шо ќе смислат. :) За последната реченица, да, се слагам. И Сол е потпуно закон!