May 16, 2011

Постот за Dragon Age

Со Dragon Age имам долга историја со не толку среќен крај. Origins ја следев уште пред да излезе. Изгледаше како да е тоа RPG што одамна го чекам, со приказна која ветува Baldur's Gate искуство и MMO гејмплеј на кој, јебига, навикнат сум и сакам во повеќето вакви игри да ја имам истата контрола на (цепидлачам, ама) камерата и движењето на херојот.

Dragon Age: Origins изгледаше како да е тоа тоа. Детална приказна, огромен свет, исполирана графика, модерен гејмплеј и останати ситници кои ветуваа. За жал, немав машина на која ќе ја проработев играта како што треба, се до лани. Една од првите игри кои ги играв откако сите ги пројдоа, беше баш оваа. Првите неколку саати, бев убеден дека ова е најдобрата игра што сум играл. Приказната, иако не беше којзнае колку оргинална, беше предобро раскажана низ квалитетно изработени сцени. Со стандарден RPG избор на дијалог, одлуки кои влијаат на понатамошниот развој, огромен арсенал на оружја и предмети, запрепастувачка графика и интересен систем на борби. Скроз се навлеков, труев луѓе околу со тоа колку е добра играта и колку ништо подобро за играње не ми дошло на тастатурава и маусот. Дури имаше и опција за изометрична камера!

После тие неколку дена опуштено играње, излегоа на површина неколку ствари кои сосема ми ја срушија претставата за Dragon Age, за на крај да ја баталам и да играм нешто друго. Batman: Arkham Asylum на пример. До денес, не најдов ниту една маана или нешто што ќе влијае на цврстата 10-ка што и ја дадов. Подобра Бетмен игра, нема до денес.

Како и да е, да се вратиме на DA:O. Веројатно сум еден од малкуте што го мислат ова, ама... Играта ме изгуби со неколку работи. Константната потреба од паралелно контролирање на повеќе ликови, паузирање пред борби за да наместиш соодветна стратегија и непостоење на скокање, па колку сакаш стискај 'space' од навика. Дури ни светот не е отворен и опширен, неможев ни во вода да влезам. Покрај тоа, не е воопшто избалансирана, па мала грешка може да резултира со смрт на цела екипа, па ајде отпочеток, од последниот save. Ебате добрата игра, кога има ужасен гејмплеј кој претпоставувам дека е таков до крај (не ја доиграв до крај).

Деновиве, инспирацијата за постов, дојде од демото на Dragon Age II. Од тоа што го читав, барем борбите требаше да бидат различни. За среќа, се, меѓутоа не е баш по мој вкус. Подинамично е, не викам не, само пак има голема потреба од контрола и на другите ликови што шетаат со тебе.

Не се жалам, зошто BioWare имаат доволно публика да ја тераат играта вака како што е. Штета што неможеше да биде нешто како Mass Effect. Првиот дел од Mass Effect е феноменален. Има се што има Dragon Age, нормално, во тотално различен универзум, но барем борбите се баш како што мене ми одговара и тоа е главната причина што ME ми е подобра. Тоа е за друг пост, ќе го оставам за во иднина.

Довербата во BioWare сеуште ја имам. Наскоро ја вадат Star Wars: The Old Republic. За тоа кратко да кажам. Првиот муабет за играта беше интересен, максимално ме заинтересира, се до моментот кога видов дека во играта ќе има можност за Darth Vader оклоп, 4000 години пред Darth Vader. Сфаќам дека сакаат сите да сме задоволни, ама не е малку претерано? Ќе пишам нешто поопширно и за ова.

6 comments:

Random nobody said...

Star wars fanboy! :P
DA : O според мене беше предолга . Мислам стварно немам живци да по 100ти пат спасувам кралства и шо ти ја знам од темните сили. Мене барем ми е изџвакано скроз ...
Едино „дружбата“ со дружината е за пофалба . Стварно им дале карактер на ликовите, не колку Балдурс Гејт (се слагаме дека е на врвот :) ама се потрудиле.

А Бетмен моментално ја плешам , ќе пишам ривју на блог коа ќе завршам. Досега е врвна.

Бојан Николов said...

Да, има премногу генерички fantasy RPG-а, и приказната во сите е таа истата. Затоа многу повеќе ми се свиѓаше Mass Effect, а можам дури и за RIFT да го кажам истово, иако жанрот е сосема друг.

Играј ја Arkham Asylum побрзо, зошто наскоро излегува и вториот дел, Arkham City. :)

Поздрав! Чекам рецензија кај тебе. :)

Random nobody said...

Done. Не издржав и ја свртев вчера :)

Бојан Николов said...

Викам ја закон е. Него, прашање на сите што им го поставувам, вредат ли 20-те гига за Sacred 2?

Random nobody said...

Ја се напалив за Sacred 2 ради co-op-от на ПС3ка. Лудило е да чилаш на кауч и да таманиш монстери со девојката :). Плус рај за Gear-whore ко мене.

Иначе , како сингл плејер ... ваљда од расположење зависи. Мене ми е баш стереотип од жанрот (изометриско РПГ а-ла диабло).

Бојан Николов said...

Јас се мислев да ја симнам за PC, али 20 гига и ако испадне тапа... :)

А, ми се игра некој изометриски ARPG додека не излезе Diablo III. Едино Torchlight 2 у меѓувреме ако ја избацат. :)