August 27, 2010

There's no place I can be, since I found Serenity...

Трето маратонско гледање на Firefly, второ за летово, и тоа едно по друго. Совршенство. Не ми е јасно како е прекината по прикажување на 10 епизоди (вкупно се снимени 14), додека серии кои се со далеку послаб квалитет сè уште се прикажуваат. Знам дека животот на една серија зависи од рејтинзите, а не од квалитетот и ми е чудно како толку добра серија не успеала да ги задоволи одговорните со рејтингот.

Можеби и тоа е убавината на Firefly. 14 епизоди, феноменални СФ вестерн приказни и еден филм, Serenity, кој совршено ги заокружува ситниците кои останале незавршени поради предвременото прекинување на серијата, а истовремено функционира и како самостоен филм кој би им бил интересен и на оние кои никогаш не гледале Firefly.


Firefly не нуди утопија како Star Trek. Во Firefly, светот не е совршен, туку напротив, завладеан од деспотската Алијанса, луѓето се поделени на различни касти, некои од нив приморани на криминал. Екипажот на "Serenity" се група воени ветерани, здружени со крајно необични ликови, кои покрај легалната работа (транспорт на бродот) се занимаваат со кршење на законот кое им овозможува да продолжат да летаат и да останат во вселената.

Фановите со години се обидуваат да ја вратат серијата назад на телевизија, но безуспешно. После последново гледање, мислам дека дури и да се врати Firefly со нови епизоди, доцна е. Тие 14 епизоди се сосема доволни за да ја прават серијата тоа што е, и се ново би можело само да ја уништи магијата. Покрај тоа, по настаните во Serenity, малку е тешко да се врати серијата со својот полн сјај.

1 comment:

Random nobody said...

Јасно дека е кратка ептен , али реално таа должина треба да се сите серии што „шутираат гз“ . Мрзам филери и вештачки издолжувања со приказни за хаусмајсторот од deck 2 или шо-ти-ја-знам шитови.