Showing posts with label Firefly. Show all posts
Showing posts with label Firefly. Show all posts

January 12, 2011

Хан Соло во Firefly

Страшно добар детал што го немав приметено до сега. Хан Соло статуетка, и тоа Хан Соло во карбонит, низ неколку сцени од Firefly. На сликата погоре, е одма над левата рака на Малком Рејнолдс. На сетот се нашла поради тоа што Нејтан Филион бил огромен фан на Star Wars. А, и нема потреба да зборам за тоа колку Малком Рејнолдс е инспириран од Хан Соло, нели?

Повеќе слики и детали на Geek With Curves.

August 27, 2010

There's no place I can be, since I found Serenity...

Трето маратонско гледање на Firefly, второ за летово, и тоа едно по друго. Совршенство. Не ми е јасно како е прекината по прикажување на 10 епизоди (вкупно се снимени 14), додека серии кои се со далеку послаб квалитет сè уште се прикажуваат. Знам дека животот на една серија зависи од рејтинзите, а не од квалитетот и ми е чудно како толку добра серија не успеала да ги задоволи одговорните со рејтингот.

Можеби и тоа е убавината на Firefly. 14 епизоди, феноменални СФ вестерн приказни и еден филм, Serenity, кој совршено ги заокружува ситниците кои останале незавршени поради предвременото прекинување на серијата, а истовремено функционира и како самостоен филм кој би им бил интересен и на оние кои никогаш не гледале Firefly.


Firefly не нуди утопија како Star Trek. Во Firefly, светот не е совршен, туку напротив, завладеан од деспотската Алијанса, луѓето се поделени на различни касти, некои од нив приморани на криминал. Екипажот на "Serenity" се група воени ветерани, здружени со крајно необични ликови, кои покрај легалната работа (транспорт на бродот) се занимаваат со кршење на законот кое им овозможува да продолжат да летаат и да останат во вселената.

Фановите со години се обидуваат да ја вратат серијата назад на телевизија, но безуспешно. После последново гледање, мислам дека дури и да се врати Firefly со нови епизоди, доцна е. Тие 14 епизоди се сосема доволни за да ја прават серијата тоа што е, и се ново би можело само да ја уништи магијата. Покрај тоа, по настаните во Serenity, малку е тешко да се врати серијата со својот полн сјај.