Колку добра епизода. Вакви епизоди ја прават серијата тоа што е. Мислам, од кај почна, до кај се разви. Од авионска несреќа до магични светилници. Иако баш тоа беше "е, ај не ме заебавај" моментот, некако се навикнав на вакви претерано-дури-и-за-Lost елементи. Веројатно се откри како Џејкоб (или кој било друг) ги посматрал сите, или барем, Кандидатите. Интересно, како и да е.
Додека Хуго и Џек одеа кон светилникот, поминаа во пештерата од прва сезона, онаа со двете мртви тела. Имаше теории дека костурите се всушност остатоци од ликови кои добро ги знаеме, што вика Хуго, може се и нивни, во случај да се вратиле во минатото и да умреле во пештерата. Се сомневам дека се на некој од нашиве ликови, пошто муабетот што Хуго го направи повеќе ми делуваше како фора на сценаристите и ништо повеќе. Нема такви очигледни хинтови во Lost.
Клер се врати. Не е баш Клер, плус најдобро другарче и е Лок, кој и не е баш Лок. Во следните епизоди очекувам да видам како одат према Храмот за да се наместат настаните кои ќе доведат до завршувањето на вечната војна помеѓу доброто и злото, нели. Само што се си мислам дека на крај ќе има пресврт и дури тогаш ќе дознаеме кои се вистинските негативци.
Џек во алтернативната реалност има син. Голема работа, не бев којзнае колку изненаден.
1 comment:
Ќе бидеш изненаден кога син му ќе дојде на островот :)
Post a Comment