Годинешното државно првенство (шестто по ред) во Magic: The Gathering ќе се одржи во недела, 7-ми септември во клубот "Retox". Оваа година нема никакви квалификации, отворено и може да учествува секој заинтересиран. Учеството е 700 денари, со што секој учесник добива три бустери (два Shadowmoor и еден Eventide) и пијачка од клубот. Почетокот е во 10:00 наутро, а пријавувањето е во тек. Не сум сигурен точно колку кола ќе се играат, ама веројатно не повеќе од шест. Ќе има два формата, standard и booster draft. Победникот добива 1000$ и покана за светското првенство во Мемфис во декември годинава.
Кога веќе почнав за MTG, официјалниот сајт деновиве е ре-дизајниран и изгледа многу подобро од порано. Во септември pre-release ќе има и новата едиција, Shards of Alara, од истоимениот нов блок. Деновиве на сајтот ќе има повеќе информации и спојлери за картите, па ќе пишам нешто повеќе тогаш. Битно, ќе биде огромно освежување за Magic: The Gathering, ќе има многу нови работи и едвај ја чекам.
11 comments:
Слушам тешко се влегувало у први 12?
1000 долари за ова?! Штета што не научив да играм... :S
Штета што не беше на Nationals, закон беше. Цел ден дружење и Magic, треба ли нешто повише? :) Иначе се играа 3 кола стандард и 3 кола драфт, а после имаше Top 8. Ја се пласирав у Top 8, али изгубив уште у четврт-финале. Добро, јеби га, за првпат супер е.
P.S. Закон ти е блогов.
Се предомислив во последен момент. :) Уште не разбрав кој тепал. Кој тепаше?
Иво. Со многу добар mono red deck. Има Figure of Destiny и Demigod of Revenge у декот.
Закон. Јас бев убеден дека Самоил ќе тепа. :)
Изгуби Самоил во финале.
samo ja go tepav ivo. steta so ne vlegov u top 8
izvini so posledniot comment ti go pisav ko Anonymous. Stvarno steta so ne igrase.
Оооо, Ефто, кај си бе? :)
Се собра Goblin crew на блогов, хаха. :) Нема везе, ќе играм на квалифакациите за Grand Prix ако има до крајов на годинава. :)
Башка, иде и pre-release. :)
ke cekame do slednoto koga ke ima bolje karti i bolje edicii , zatoa ne igrav tapa mi bea ediciive . bobo gay :-)
Post a Comment