Уф, колку бев возбуден кога дознав дека излегува Dragonlance цртан. Го симнав кога се појави по торентиве, дремеше изрежан скоро три недели, додека си го подесував расположението за гледање на нешто вакво.
Само што (пробав) да го гледам. Одамна немам видено нешто, до овој степен, очајно. Бедна анимација (ужасна комбинација на 2D и 3D), што дури потсеќа на нискобуџетните телевизиски цртани серии од типот на "The Magical Adventures of Quasimodo" (ја даваа пред десетина години на МРТВ). Синхронизацијата е исто така катастрофална, без разлика на тоа што еден од гласовите е на Кифер Сатерленд.
Dragonlance: Dragons of Autumn Twilight делува толку ефтино, што е чудно, бидејќи зад проектов стојат компании како Wizards of the Coast и Paramount Pictures.
Незнам ни јас зошто очекував толку многу. Самиот факт дека цртанов е direct-to-DVD издание, требаше да ми укаже на тоа дека нешто смрди. Да не зборам за тоа дека немаше скоро никаков маркетиг. Јас не памтам дека некаде видов реклама по интернетов.
Се надевам дека еден ден ќе видиме достојна адаптација на Dragonlance книгите. Цртаниов ми предизвика мачина во стомак, и не можев да го догледам до крај...
1 comment:
Првпат слушам за цртанов. :)
Post a Comment