December 4, 2006

Таксират 8 Aftermath

Покрај сите СРАЊА што ми се случија неколку саата пред и после Таксират, еве, се спастрив и седнувам да пишам една рецензија. Морам да напоменам дека на Таксират отидов максимално изнервиран, така да ќе дадам се од себе да не ја вметнам таа нервоза во онаа која ми ја приредија некои од изведувачите на овогодинешниот Таксират.

Значи, како и обично, се нацртав таму уште пред 19:00. За среќа, не каснеа многу, и влеговме во празната сала. Приметив дека голема толпа на луѓе е собрана кај еден шанк. Се тепаа да земат гага маици. Нормално, и јас ко лакомо копиле земав, но откако толпата се разотиде. :)

Бев во првата хала, и се каам што не си земав блок-карта, ама нема везе, затоа се досадував/нервирав неколку саата... Одиме со ред:

BllaBllaBlla
- ги гледам по не знам кој пат, и се досадни како и секогаш. Можеби си имаат своја публика, но мене воопшто не ми се интересни и забавни. За среќа, траеа кратко.

Обојени Програм
- досадно, ужасно... свиреа околу 45-50 минути. Траеше ко цела вечност. За среќа, си фатив ќош од халата, и се одседов таму, пушејќи цигара по цигара.

Van Gogh
- првиот пат кога ги гледав, умрев од досада/нервоза, бидејќи отвараа за Metallica во Белград. Е, сеа да ти ги стаат Van Gogh саат време пред Metallica, нема да умреш од досада?! Инаку, ги сакам Van Gogh. Ми се свиѓаат, и имаат стварно некои добри ствари. Се нацтав што поблиску до бендот. Ги свиреа Mama, Vrteska, Da li Zna, Spisak Razloga и плус уште некои. Јас ги чекав Opasan Ples и Neko Te Ima. Од првава го отсвиреа само рефренот, и тоа во некоја глупа верзија, додека Neko Te Ima, ја имаше во 2-3 верзии...

Iggy Pop & The Stooges
- Ристо Вртев излезе и го најави. Имам некоја доза на почит за Иги, ама неможам да му ја поднесам музиката. Отидов напред, колку да го видам што има да понуди. Првите 2 минути беше интересен, поседовме со друштвово некои десетина минути, и се вративме со нашиот ќош од халата, седејќи кај парното. Тој саат и пол на Иги беше најдосадниот од цел Таксират. Звучеше како една иста песна да свири цело време. Не ја изведе песната која е единствена што ја поднасам - "The Passenger". Заклучок: Иги е досаден колку што е стар!

Kultur Shock
- Признавам, ги дознав кога беа најавени. Описот ми беше интересен, симнав еден албум, па друг, па трет... бендов ме освои на прво слушање, и бев сигурен дека ова МОРА да се види во живо. Не знам како да го дефинирам стилот на Култур Шок, свират преработки на балакански изворни песни, во некои рок/панк/метал верзии, нормално задржувајќи го изворното. Им ги знаев сите песни, а приметив дека помалку од 10 луѓе ги знаеа. Ги спичија Romana, Horse Theif, God Is Busy - May I Help You, Nadija, Nano Mi Hermano.... дури и беа викнати на бис (Иги не беше, ХА!), и ја отсвиреа мојата омилена - Hashishi! Според мене испаднаа поголеми ѕвезди од Иги... Публиката скокаше, се шуткаше, се играа ора и чочеци... абе лудница! Единствено нешто што ми беше позитивно овој викенд, беа токму Култур Шок.

Се на се - најслаб Таксират на кој сум бил. За наредна година, ќе мора да има повеќе од еден добар изведувач за да отидам.

Се надевам дека некој ќе има живци да ја прочита исцрпнава рецензија. :-)

П.С. Во многу рецензии за Таксиратов сретнав дека Kultur Shock ги пишуваат Culture Shock. Епа, не се пишува така. :-)

No comments: