December 23, 2006

Clerks II

Првиот Clerks (1994) е еден од најдобрите филмови што некогаш сум ги гледал. Без разлика што правењето на филмот коштало околу 50,000 долари (27,000 за правата за саундтрекот + 26,000 за останатото), Kevin Smith со тие малку пари има направено феноменален филм, со ненормални ликови и кул идеја за приказна.

Оваа година излезе и вториот дел на Clerks. Нормално, со поголем буџет. :) Clerks II е супер филм, но не е толку добар како првиот. Искрено, очекував да има преџвакување на стари финти од првиот дел, ама згрешив! (како можев да посомневам во еден од најдобрите режисери у свет!?!?)

Што се случува во Clerks II? Данте и Рендал, и после толку години работат во истото дуќанче од првиот дел. Арно ама, се случува тоа што случува (нема да го откријам тоа, сами гледајте!), и завршуваат во ресторанот за брза-храна, Mobby's. Ресторанот се појавува и во Dogma, исто така филм на Кевин Смит. Нормално, пред ресторанот се Џеј и Сајлент Боб. :)

Има некои нови ликови како шефицата на ресторанот, и вработениот што е навлечен на Lord of the Rings и The Transformers.

Очекував многу повеќе од филмов, повеќе ликови, повеќе хумор... Е, сеа, да. Има некои ТОТАЛНО ЗАБЕГАНИ делови од филмот, како на пример Kinky Kelly, и плус уште некои, ама можам на прсти да ги набројам. Од првиот дел памтам каде-каде повеќе сцени/реплики. Ќе беше многу бољи Џеј и Сајлент Боб да бидат повеќе застапени у филмот, ама јебига. Верувам дека Смит знаел што прави...

Во секој случај, филмот би им се свиѓал и на тие што не го гледале првиот дел. Сепак, препорачувам да го гледате првиот пред да го гледате овој.

Линкови: 1) Clerks II на IMDB 2) Clerks II на МФФ

No comments: