По скоро три години пауза поради други ангажмани на главните ѕвезди (или која и да е причината) и само една специјална епизода измеѓу, Sherlock конечно ја отвори вратата на Бејкер Стрит за нови случаи. Разгален од врвниот квалитет на претходните десет епизоди, секако дека очекував многу. Барем онолку колку да ми ја размрда мрзата што ми се створи во последно време кога станува збор за гледање серии. Не бев особено импресиониран од почеток на четвртата сезона. Првата епизода не само што беше просечна, туку приметив и дека нешто не е во ред со ликовите, приказната и начинот на кој се раскажува. До крајот на трета, веќе се чудев како серија за генијален детектив со интелектуални "супермоќи" се претвори во лимонада со семејни интриги и петпарачки пресврти.
Да сакав да гледам глуп Шерлок, ќе гледав Elementary. Ако ми беше до Холивудски спектакли, ќе ги пуштев филмовите со Роберт Дауни Џуниор. Серијата ја сакав поради овој Шерлок лик и концепт. Она што го знаевме за него беше сосема доволно за да го прифатиме како таков. Зошто Мофат решил дека има потреба од траума и трагедија како позадина за неговиот начин на делување, не ми е јасно. Дали ова го правеа годиниве додека серијата паузираше? Смислуваа како да го сместат Шерлок со негативец што се однесува како стриповски Џокер во разрушениот дом од детството "каде сè започнало"? Ова е најдоброто што можеа? Го погледнал ли некој сценариото уште еднаш пред да ги вклучат камерите?
Јасно ми е дека идејата на Мофат била да се даде една поинаква димензија на Шерлок. Некаков подлабок емотивен контекст, можеби? Непотребно, зошто тоа беше присутно од самиот почеток на серијата, не толку директно сепак, меѓутоа секогаш се осеќаше дека Шерлок е повеќе од бездушен функционален социопат. Но, десет епизоди се премалку за ваков крупен "развој" на ликовите, особено кога мрзливо отскокнува во погрешен правец. Елементите од кои беше изградена серијата се доведени до непрепознатливост, иднината на следната сезона е неизвесна и навистина е жално доколку ова е тоа големото финале.
Проблемите на Sherlock не се само производ на оваа сезона, корените можеш да ги најдеш ако се вратиш малку наназад. Прво, серијата премногу рано се ослободи од Моријарти. Претпоставувам поради истата таа константна неизвесност и можност за повеќе епизоди, Моријарти мораше да се случи поскоро. Пристигна во вистинскиот момент, ја износи таа сезона и замина, веројатно оставајќи ги Мофат и екипата во креативен ќор-сокак. Не знам како поинаку да ја толкувам трансформацијата на најголемиот непријател на Шерлок во Џигсо од единаесетото продолжение на Saw.
Постхумното дејствување на Моријарти бргу стана заморно. Можеби со малку поинвентивен пристап ефектот би бил поголем. Меѓутоа, отидоа да таму да измислат тајна сестра на Шерлок, со способности кои ги засенуваат и неговите и тие на брат му Мајкрофт, чиј психопатски профил е комбинација на негативци кои сум навикнат да ги среќавам на некои други, поадекватни места. Разбирам и дека сакале предизвикот за Шерлок да го кренат некое ниво погоре, но овде е по цена на интегритетот на ликовите. Не само Шерлок, туку и Мајкрофт. Мајкрофт секогаш беше лик кој делува од сенка, исклучително моќен и со интелект кој се поклопува со оној на Шерлок, но со малку поинаков начин и мотив. Одличен беше дури и кога серијата го користеше како deus ex machina.
Она што е најнавредливо во "The Final Problem" епизодата е самата сестра, која патем Мофат ја смислил и покрај обемноста на материјалот излезен од умот на Артур Конан Дојл. Нејзината инспирација е смешно клишеизирана, а ситуациите во кои ги доведуваше ликовите и нивните реакции, беа комплетно несвојствени. Кога ќе ја додадеш и низата на контрадикции кои се дел од нејзините начини, целата логика останува покосена. А, ако поради нешто беше добра оваа серија, беше логичниот контекст, кој не секогаш беше во границите на реалноста, точно, но функционираше перфектно во сопствениот воспоставен систем на правила.
Ќе мора пак маратонски да ги изгледам претходните три сезони за да си го исчистам мозокот од ова извонредно срање. Поинаку не знам. Не барам нови епизоди, веќе има доволно. Штета што за серија која толку многу сакав да оди напред, сега навивам никој никогаш да не ја допре повторно. Дајте нешто друго.
Види такоѓе:

No comments:
Post a Comment