May 13, 2014

Околу Бетмен костимот на Бен Афлек, Бетмобилот и новиот филм

Океј, кренете си ги гаќите. Тоа што Бен Афлек има, навидум, феноменален костим, не е никаква гаранција дека ќе гледаме филм што достојно ќе ја наследи светата трилогија на Нолан и ќе ги испере гомната од Man of Steel. Да потсетам дека и Хенри Кавил изгледаше верно како Кларк Кент/Супермен, па сè уште сме тука тие кои не заборавиле какво супер-промашување (форава е лоша, исто како приказната таму) беше тој филм. Покрај тоа, сликата ќе беше добра и без фактот што Бен Афлек е под маската. 

Клик на сликата за огромна верзија.

Вчера беше објавена слика со задниот дел од Бетмобилот, со ветување дека денес ќе го видиме целосно. Со тоа што ненајавено, во фокусот го имаме новиот Бетмен, Бетмобилот ќе го почекаме за некоја друга прилика. Од тоа што може да се види, мене ми е сосема океј. Прво мислев дека ќе биде нешто повеќе како таблерот од трилогијата на Нолан или Бетмобилот од The Dark Knight Returns (слични се), меѓутоа задоволен сум и со ова како изгледа. Костимот пак, е баш близок до оној на Френк Милер, а според годините на Брус Вејн поради изборот на актер, нели, некако ми се чини дека инспирацијата не е случајна. Далеку од тоа дека ќе видиме нешто блиско со стрипот на Милер, ама некои ствари се веројатно очигледни.

И, понатаму ме загрижува Бен Афлек како Брус Вејн. Било кое друго име сигурно ќе ми дадеше поголема верба, макар и да се работеше за тотален анонимец. Филмов, кој се уште е без официјален наслов, освен ако Batman VS Superman е конечниот, ќе ги донесе и Вондер Воман и Лекс Лутор. Џеси Ајзенберг е избран за Лутор, што е уште една причина болката што ја осеќам во тестисите. Претпоставувам дека ќе биде како вовед во Justice League филмот, со истиве фаци и нормално Зак Снајдер. Затоа што нели, нема други режисери и мора целата доверба да ја потпрат на еден човек, кој е класи, класи под Кристофер Нолан.

Филмот, како и да се вика веќе, е закажан за 6-ти мај 2016, на ист датум со третиот Captain America. Доколку некој не беше убеден во самодовербата на DC, ете. Одат директно против Marvel, со глава. Иако можеби двете страни чекаат едната да се откаже и да го помести датумот, баш ме занима исходот на целата оваа "војна". Дури и да речеме дека Бетмен е попопуларен лик од сите на Marvel, филмовите на Marvel последниве години некако се супериорни во однос на било што на DC, нели? И, дури и да го сакам Бетмен повеќе од било кој лик на Marvel, знам дека Авенџерс може да им го пукнат носот на Џастис Лиг. На тоа ниво, влогот е поинаков.

2 comments:

NaumN said...

Очигледно муабетите на Снајдер и Милер имале некоја смисла, бар у визуелниот дел. Моја прогноза е дека ќе имаат влијание и на причата, али тоа ќе видиме. Позитивно е што костимот и Бетмобилот се добри на изглед, иако да, не се гаранција за квалитет. А за квалитетот на Афлек као глумец, остај ја неговата брада да зборува за тоа, бар брадата го прави Бетмен :D Шознам, после толку негативни реакции, некако сеа десетпути повеќе ми се гледа филмов. Ова им е последна шанса да направат нешто добро надвор од The Dark Knight трилогијата, мислам дека ќе ја искористат ко што треба.

Бојан Николов said...

Се слагам до негде, ама имаа повеќе шанси да направат нешто добро.

Имаат лоша серија за женска/млада публика Arrow, Green Lantern филм со Рајан Рејнолдс и Gotham серија на повидок што не ми изгледа баш најинтересно. :)

Man of Steel го промашија. Финансики може пројде добро и обезбеди средства за следниве играчки на Снајдер, меѓутоа како филм е лош.

Не знам еве на што би се потпрел за да верувам цврсто у ова. :) Се надевам дека сум многу у грешка. Ќе видиме за две години. :)