RIFT го дочека третиот роденден. Не можев, а да не се логирам и да ја испоштувам играта, барем за тоа што некогаш (ми) беше. Драго ми е што се уште е во добра состојба, исто како и последниот пат кога проверив. Најголемиот мерак ми е што гилдот е се уште активен, и по муабетите со некои луѓе од старата екипа, одлично им оди. Имаат нови членови, добар дел од старите се тука и функционирале супер.
Иако нема шанси активно да се посветам пак, фино ми е кога ќе се логирам вака од време на време. За чудо, RIFT ми предизвикува некаква носталгија што не ја очекувам. Обично WoW ме влече така. Океј, WoW има и нова содржина што е многу поинтересна. RIFT гледам дека тераат со некои ствари кои ми се не толку занимливи во моментов. Сè уште развојот на новата содржина е брз, не толку колку што беше некогаш, меѓутоа доволно остро цепаат што тотално сум изгубил тек. Некогаш ги знаев сите можни ситници околу играта, сега затекнав малку поинаква ситуација. Покрај новините кои го збогатуваат гејмплејот, гледам дека додаделе еден куп нови, фини маунтови и петови.
Нека тера. За жал, доцна го доби вниманието и заедницата што ја заслужуваше. За жал, некои работи им текнаа кога веќе играчите беа разотидени по други игри. Иако популацијата е доказ дека не е премногу касно, можеби доколку се сетеа порано, играта ќе ја задржеше месечната претплата уште некое време. Се надевам дека следната година, роденденот ќе се слави во новиот свет, од новата експанзија. И, со уште повеќе играчи, се разбира.
Инаку, RIFT е веќе некое време бесплатно достапна и преку Стим.
Инаку, RIFT е веќе некое време бесплатно достапна и преку Стим.
No comments:
Post a Comment