April 7, 2013

Dredd (2012)

Dredd докажува колку филмови од овој тип фалат денес. Чиста акција во СФ сетинг, без многу тупење непотребни ствари, со едноставна и јасна приказна. Со олд-скул шмек. Филм наменет за мрзлива недела.  

Dredd е базиран на 2000 AD стрипот кој никогаш го немам читано. Веќе доживеа една адаптација со Сталоне во 1995, која во споредба со новиот изгледа смешно. Новиов Дред е суров, намрштен и никогаш не ја вади маската (дизајнот на костимите е одличен). Сталоне тогаш инсистирал да е што повеќе време без маска, зошто нели... Сталоне. Да се види кој е. Овој пат, маската ја носи Карл Урбан, според мене крајно потценет лик, кој не го добива вниманието што го заслужува. Барем за вакви улоги, а не како во Star Trek каде што е тотално на погрешно место. 

Сетингот на филмот е следниов. Во дистописка иднина, во САД, има огромен град, Mega-City One со висока стапка на криминал кој е контролиран од посебна единица за одржување на редот - Судиите. Судиите се полицајци, судии и егзекутори. Дред е Судија, еден од најбруталните. Во градот има банда предводена од Лина Хиди (сеа Хиди или Хедеј, е?), новиот нарко бос, и шират дрога наречена Slo-Mo, која перцепцијата за време на корисникот му ја намалува на 1%. Да, знам, ама тоа му е работа на Дред, башка нелегално е, и мора да има некаков негативец филмот, океј. Значи, тоа е, Дред оди да им пресуди на нив, откако ќе се најде на нивни терен со младата партнерка која е видовит мутант.

Приказната е веќе видена, нема ништо ново, меѓутоа поентата на Dredd не е баш тоа. Филмот си е таман. Стриповски, со фина фотографија, режија и музика, а и со сценарио на Алекс Гарленд! Акцијата е речиси постојано присутна, со културни ефекти и умерена (читај: поднослива) доза на експлозии. Затоа и викам дека фалат вакви "умерени" акции денес.  Речиси целото дејствие се случува на едно место, што на моменти личи на пилот за серија или рендом епизода отколку на филм. Можеби затоа што продукцијата, и режијата на моменти се баш такви - телевизиски, и ова не го кажувам во негативна смисла. Што и не би било лошо да се види, сега откако продолжението е откажано поради недоволниот профит на филмот. А, интересно делува светот во кој е сместена приказната, баш би било фино да се види како ќе функционира.

Еј, да. Ако некогаш конечно го видиме тој новиот RoboCop филм што се најавува со години, еве урнек за како треба. Вака се прават овие филмови, вака и најдобро си ја вршат работата.

Види такоѓе:

4 comments:

Влатко said...

една позитивна работа не може да му најдам на филммов, од неинтересните главни ликови, до дејството украдено од The Raid, покрај слабиот негативец кој повеќе беше разработен во стрипот кој искочи како приквел на филмот, униформите и моторите кои не личеа на ништо, посебно што се работи за екранизација на стрип еден цел свет треба да се пренесе а не да се затвори ликот у една зграда, не ми е гајле дали е буџетот проблем у тој случај не требало уопште да го прават...ваков филм бара огромен буџет + креативност за да биде све како треба...
Дред у стрипот е баш онаков каков што го претстави Сталоне - агресивен, тврдоглав, асоцијален, со моментални испади (Ај ем д ЛОУУУ! :), не ќути како муле и да промрмља нешто одвреме-навреме како Урбан, а Андерсон уште од првиот момент кога ќе се појави у стрипот е една самоуверена, ексцентрична, весела личност а не несигурен почетник како овде у филмов ...
Само пиштолот со различна муниција кој реагира на гласовна команда го имаа погодено...

The Raid
http://www.imdb.com/title/tt1899353/?ref_=sr_2

исто дејство, е многу подобар по мене зш е олд скул акција (нешто што не успева Сталоне да го долови со ЕКспендаблс), има некаква приказна, тензија, добар саундтрак и die-hard негативец

nikola said...

mene bas mi se svigjase filmot. ne znaci deka treba da bide ko stripot, zatoa ustvari e film ..

Влатко said...

не мора да биде како стрипот, не би ми сметало ако униформите, возилата итн. не се автентични ама барем да личат на нешто и све додека ликовите се пренесени како што треба...
основен проблем овде е буџетот, замисли на пр. ај немаме пари да претставиме ништо друго, градот, останатие ликови, што да правиме ај Бетмен ќе го затвориме у една зграда и решен проблемот а кога ќе дојде на крај до негативецот ќе го реши за 1 секунда...
еве ѕирни го некад Тхе Раид ист филм само со добра олд скул акција (не слоу моушн), тензија, саундтрак и негативец кој не паѓа толку лесно и остава каков таков впечаток...

nikola said...

the raid soliden film samo malku previse akcija za moj vkus muzikata e dosta dobra