Ако за нешто не прекинав да мрчам околу RIFT, тоа е музиката. Не затоа што е лоша, туку затоа што веројатно на TRION им недостасува добар продуцент кој ќе знае да ја измикса во играта како што треба. Денес ми падна во раце саундтрекот, го слушам и не ми се верува колку добра музика се угушила во тишината што владее низ Телара.
Мислам, не е тотално без музика, во секоја зона може да се чуе по нешто, меѓутоа е тивко и некако премногу во позадина. Сум приметил дека само на одредени места нешто воопшто свири. Саундтреков е толку добар и звучи неверојатно моќно, што ете, не ми е јасно зошто се исечени само мали делчиња од него. Во играта, се слуша отприлика пола минута од секоја трака, ретко на некое место да свири нешто повеќе. Еве, свири и во позадина додека го пишувам постов и ги препознавам само малите делчиња што сум ги чул. Штета. Во бетата, речиси и да немаше позадинска музика, мислев дека ќе средат, ете уште не е како што треба. Доколку тоа им била идејата (спомнуваат нешто во видеото подоле), во ред, само што пак ќе кажам, штета волку добра музика да не се искористи целосно.
Инаку, автор на музиката во RIFT е легендарниот Inon Zur, композитор кој е потпишан на едно чудо игри, од Icewind Dale II и Baldur's Gate II, до Crysis, Fallout 3 и Dragon Age II. Rift Junkies имаа објавено видео за снимањето на музиката, може да се види и чуе на овој линк.
Саунтрекот на RIFT засега неможе да се купи посебно, достапен е само преку колекционерскиот пакет во кој покрај играта, доаѓа USB стикче од 8GB, мауспад, постер, сите броеви од стрипот (наскоро ќе пишам, прочитано е уште одамна) и плус некои ствари што се in-game бонус.

3 comments:
Во право си за мрчењето, пример во LOTRO музиката е еден од најбитните елементи и имаат посветено многу време на истиот. Можам да ја препознаам зоната или делот од зоната според темата која оди во позадина (ангелскиот глас на некоја елфица во Trollshaws е најубавиот пример), она што ми недостига во RIFT или пак не сум го забележал.
Истото за WoW ете ќе го кажам. :) Најубавата тема во игра ми е баш оваа: http://youtu.be/VhhvWeXHjP0
Бљак.
Post a Comment