June 1, 2011

Бесплатна игра на годината: League of Legends

Без двоумење, можам да кажам дека од сите бесплатни сериозни онлајн игри, League of Legends е упорно на првото место. Од моментот кога почнав да играм, Riot Games, компанијата која стои зад LoL, не сопре ни еден ден со развој на нивната игра. На две недели вадат нови херои и скинови, постојано ги балансираат старите, имаат секојдневна интеракција со заедницата и очигледно немаат намера да сопрат.

Последниве неколку месеци, самите играчи се задоложени за создавање на новите херои, преку тема на форумот каде што може да се предложи или да се гласа за херој. За разлика од другите игри кои се рекламираат како бесплатни, League of Legends е навистина бесплатна. Иако функционира со микро-трансакции кои нормално, се опционални, нема ништо во самата игра кое би им овозможило на играчите кои платиле да имаат некаква предност. Значи, главната разлика меѓу оние кои плаќаат и оние кои не, се скиновите, односно изгледот на херојот. Останатите работи кои може да се купат од продавницата на Riot се некои руни, пакетчиња за поголем XP и нормално херои, но истите се купуваат и со поени кои се добиваат бесплатно, со секоја изиграна партија и се лесни за собирање.

Друга работа која ја двои играва од останатите "бесплатни" е тоа што развивачите навистина се грижат за играчите, ги слушаат фалбите и поплаките и соодветно одговараат на истите. Не сум сретнал ниту една бесплатна игра во која заедницата има толку фер треман. Дури и при најмал проблем со серверите, што е навистина реткост, Riot Games се трудат да им надоместат на сите играчи преку мали, симпатични награди.

Од скоро, воведоа и нов начин на казнување на играчите кои не се однесуваат културно во самата играта, ги напуштаат партиите и влијаат негативно на тимот, преку систем кој се вика Трибунал. Сите играчи може да учествуваат во Трибуналот, каде што им се понудени профили на пријавени играчи и самите одлучуваат дали ќе ги казнат или ќе им простат. Секој играч дневно може да обработи десет пријавени играчи, каде што може да се види зошто одреден играч е пријавен и како се однесувал во играта.

League of Legends се избори и за место на WCG, така што на крајот од првата сезона, најдобрите играчи ќе може да се натпреваруваат за фонд од 100000$.

За регистрација на нов акаунт, може да се искористи овој линк.

5 comments:

Anonymous said...

Супер текст пријателе штом играш LoL може да ме ставиш во friends FatSparrow.
Поздрав

Anonymous said...
This comment has been removed by the author.
Бојан Николов said...

Додаден. :)

Random nobody said...

A bit late for the party .. на кои сервери играте ?
Grim Reappear ми е ник (на west-eu), само не сум нешто вешт , читај нуб сум уште :)

Бојан Николов said...

Јас сум Zearthex али на North East. Повеќето сме таму, така да ако сакаш да се приклучиш, бујрум. :)

Еве ти и реферал:

http://signup.leagueoflegends.com/?ref=4cb19a4a2dd8e599128166