October 19, 2010

Крај на првата сезона на Rubicon

Заврши првата сезона на Rubicon, со тринаесетата епизода. Сценаристите успеаа мајсторски да ја заокружат приказната околу заговорот кој се расплетуваше низ овие тринаесет епизоди, на тој начин, што дури и да ја укинат серијава, публиката да биде задоволена со одговори. Има спојлери подоле.

Вил успеа да го разоткрие политичкиот заговор кој всушност започнувал од неговото работно место, каде што на аналитичарите им се нуделе сомнителни разузнавачки информации, кои тие несвесно ги обработувале во погрешен правец. Се дозна за тајна организација во САД, која монтира "терористички напади" со цел да профитира од исходот на истите, додека на луѓето одговорни за откривање на "напаѓачите" им дава погрешни информации, за истрагата да добие сосема нов тек. Референците кон 9/11 секако дека не беа случајни, само што никогаш директно не се спомна.

Крајот на сезоната, доколку е крај на серијата (искрено се надевам дека не), ќе функционира одлично како таков. Вил се бореше да преживее додека го разоткриваше заговорот, сепак е еден човек, кој никако нема шанси да тргне против целиот тој систем, кој без никаков проблем елиминира луѓе кои пречат. Тракстон, на крај доби детелина со четири листа, но не видовме што се случи понатаму. Искрено, и да нема втора сезона, јас сум комплетно задоволен со ова што го гледав до сега. А, верувам дека ако Rubicon добие втора сезона, ќе гледаме уште подобри епизоди.

Одлична серија. Си го задржа спорото темпо и напнатата атмосфера уште од старт, а со секоја епизода стануваше се подобра и подобра. Ликовите беа сосема обични луѓе, со малку несекојдневна професија, но се однесуваа нормално и реагираа на одредени ствари како вистински луѓе. Без спектакли и фиктивен хероизам. Штета што американската публика одговорна за рејтинзите и судбината на сериите што се прикажуваат денес, не е навикната на вакви остварувања. Затоа серии како The Event и V добиваат втора сезона...

3 comments:

Tomi said...

Целосно се согласувам со тебе Бојан! Супер серија, одамна немам гледано толку добра. И фала што ме извести дека е последна епизода од сезонава, појма немав :)

Losteech said...

The Event уште не знаеме дали ќе добие втора сезона (типувам за не, како лани со FF) :P

Туку, за Rubicon... Првите 3 епизоди едвај ги изгледав. Ама од четврта натака, уф! Одамна не сум забегал вака по серија, уште од времето на LOST и Prison Break. :)

Бојан Николов said...

The Event незнам како преживува после втората епизода. Толку ветувачки почна и ме разочара повеќе од V.

Енивеј, Rubicon е супер, ако нема втора сезона, јас ќе ја гледам пак првава. :) Деновиве редовно го проверувам официјалниот сајт и сајтот на AMC да видам дали има нешто за нова сезона, и уште нема.