Не знам како се случи, ама се навлеков на Dragon Ball. Ко дете мало, гледам по неколку епизоди дневно и веќе стигнав некаде до третата сага (изгледав околу 40 епизоди до сега). Детско аниме од осумдести, оскудно нацртано и анимирано, плитко сценарио и интересна приказна како основа.
Приказната почнува со малиот Гоку, чудно дете со опашка и неверојатна физичка моќ и потрагата по седумте змејски топки расфрлани по целата планета, кои кога ќе се спојат го повикуваат змејот кој исполнува една желба на тој што ги собрал. Потоа, се расфрлаат повторно на седум различни страни.

Оргиналнава серија што моментално ја гледам има вкупно 153 епизоди, поделени во девет саги. Немам намера да ги гледам сите, сакам да ѕирнам нешто и од втората серија, Dragon Ball Z.
Инаку порано ужасно ме нервираше цртанов, мислев е од оној калибар на Pokemon, такво комерцијално аниме што е повеќе реклама за играчки отколку цртан филм за деца. Не е. Не е најдоброто аниме на цел свет (Death Note е), ама не е ни најлошото. Проблемот е што е заразно, што веројатно се должи на сублиминални пораки што ми го перат мозокот...
4 comments:
Опашката му е од кафе пиење. Или е наказа...
За мене Јапонските срања секогаш ќе си останат Јапонски срања... :P
Ај кажи ми каде можам да го гледам те молам...
Ги имаш за даунлоуд на Warez-bb и по торенти.
Post a Comment