May 14, 2007

Family Guy

Избегнував Family Guy со години, поради тоа што ужасно ме потсеќаше на The Simpsons. Имав малку гледано, но и не треба многу за да се заклучи дека е копија.

Како и да е, другаров некако ме убеди да седнам и убаво да ја изгледам првата сезона. Не ме бендиса многу, ја симнав втората сезона, па третата... ја изгледав и четвртата сезона. За чудо, цртаниов го бивало. И тоа е ептен. Третата сезона е најдобра. Иако критикуван, плукан и споредуван со The Simpsons и South Park, гледам дека си има голема база на фанови.

Ликот на Питер, главата на Грифин семејството, е директен рип-оф на Хомер, само што е многу поретардиран и глупав. Лоис е жената, типична американска домаќинка, и даааалеку подобра од Марџ во секоја смисла. Ја обожавам.

Семејството има три деца. Крис, дебил исто како татко му, и за среќа не се обиделе да направат аналоген лик на Барт. Мег е тинејџерка којашто никој не ја сака и е веројатно најслабиот главен лик од целата серија. Оргинални ликови се бебето Стуи и кучето Брајан. Стуи е интелегентно, злобно и садистичко копиле кое си го мрази семејството и често пати пробува да ја убие Лоис. Најдобриот лик во целата серија и еден од најдобрите ликови коишто се појавиле во ваков тип анимирани серии до сега. Но, во споредба со Картмен, изгледа инфериорно.

Брајан е кучето што зборува и е најпаметниот и најразмумниот член на фамилијата Грифин. Покрај главните членови, има и еден куп други забавни ликови кои не би ги набројувал сега.
Family Guy имаат интересен хумор, остри критики до она коешто смеетаат дека не чини во светот, без разлика дали се работи за политика, музика, филм или нешто друго. Од овој аспект, се некаде помеѓу The Simpsons и South Park, сепак генерално гледано послаби и од двете серии. Ќе видиме за понатака. The Simpsons очигледно е дека се истрошени, и можеби Family Guy би биле добрата замена.

1 comment:

Anonymous said...

Искрено мнооогу подобар од The Simpsons, бар за мене.
Stewie Griffin RULZ!
=)