September 1, 2007

Лунарна библиотека

Група научници, на чело со бившиот (во пензија) НАСА експерт, Џим Барк планираат градење на библиотека сместена на Месечината. Во библиотеката би се сместиле најбитни научни и културни достигнувања на човекот, со цел да се заштитат тие податоци во случај на некоја глобална катастрофа (комета, астероид, нуклеарна војна и сл.) , која би можела да ја уништи Земјата и да го збрише човештвото.

Вселенската Ноева Арка, како што нарекува Барк, би содржела секакви технолошки, уметнички, исторски и други податоци, како и примероци.

Според НАСА, изградбата на ваква база е планирана за 2024 година.

Во контекст на ова, битно е да се спомне астероидот
Apophis, за кој вчера се објави дека има шанси да ја погоди Земјата во 2036 година. Повеќе за ова, на овој линк.

Информацијата за лунарната база, е превземена од Spiegel On-Line.

3 comments:

Anonymous said...

Арно

Losteech said...

Indeed... xD

Anonymous said...

во врска со Aphopis:
ми се чини дека нема потреба за паника, не е така "голем" за да не може да се уништи а и кој знае што не ќе измислат за 29 год. да не речам некои "ласерско-енергетски фотонски торпеда"!
:D