Може требаше да послушам луѓе и да ја прескокнам Assassin's Creed III. Не ја ни доиграв од што ми беше досадна. Претпоставувам дека пројдов повеќе од пола, ама со саати наназад приметував дека многу ме отекува. Разбирам дека Ubisoft сакале да скрпат поразлично искуство од претходните игри, ама поразлично не секогаш значи и подобро. Не знам уште колку имав до крај, зошто како четири пати да почна од почеток. Кога приказната со Дезмонд ме довлечка до Менхетен, симболично се џитнав од зграда во сигурна смрт и ја избришав.
А, баш супер почнува. Иако од намарност си го испојлав пресвртот со Хентам Кенвеј уште пред да ја инсталирам, пак ќефски ги рокнав тие воведните мисии. Ако сериајлов упорно прави нешто добро, тоа се тие раните јадици што ти ги фрла да те внесе во светот што те очекува. Првата мисија во театарот со Кенвеј е најдобро нешто што го видов од Assassin's Creed III. Можеби има и нешто друго забавно понатаму, ама премногу ме изгњави за да сакам да дознаам. Доволно време ми изгуби.
Најголемата мака што ја имав со Assassin's Creed III е тоа што е преплавена со синематици. Не онакви фенси и кул, туку од истиот енџин што ја вози играта. Играш десет секунди, па после пет минути чекаш два досадни ликови да доправат муабет. Кликаш да отвориш врата, гледаш сцена од пола минута како се отвара вратата. Нешто што комотно можело да биде природно и тековно, без постојатно да ти ја одзема контролата од ликот што го играш. Дај ми да си го мрдам ликот околу дур си поприкажете, не мора секој дијалог да е во ваква пасивна форма. Повеќе се осеќав како играта мене да ме игра и дека сум тука само да кликам копче за анимирани ликови да си го истераат денот.
Едвај имаш чувство на активен учесник во Assassin's Creed III. Можеби е неблагодарно да споредувам со претходните од серијалот што ги играв, ама еве со Ецио си постојано присутен во гејмплејот. Не дека и таму има дефицит на сцени што ја движат приказната, ама повеќето работи ги играш ти. Го имаш цел град на располагање, се движиш слободно, си избираш сам што ќе правиш и како ќе се позиционираш во одредени аспекти од играта. Овде цело време си фатен за рака и играта те влечка наоколу. Таман ќе се заиграш малку, ајде сега да погледнеме краток филм од пола саат за експозиција. Кога приметив дека станувам по пиење или за мочање на тие сцени, сфатив дека е време да ја баталам.
Има еден момент кога му тропаш на врата на еден старец да те тренира. Вознемируваш, замараш, му спиеш во шталата, па се натегате, ајде тренирај ме, не не можам да те тренирам и многу, многу е оток. Кога ќе се нафати да те тренира, играта веќе стигнала до средина, а ти уште едвај си некаков Асасин. Претходно ловиш животни, местиш стапици, се акаш низ американската дивина. Да сакав ова да го правам, ќе играв нешто многу подобро и пофокусирано како на пример Red Dead Redemption и немаше да жалам за скурцаното време. Assassin's Creed III на пола игра уште одлучува што точно сака да биде. Не ме заебавај.
Тематиката е стварно океј, немам замерки тука. Колонијална Америка, нешто индијанци, едно друго, ама толку е несмасно презентирана што не ми направи никаква разлика каде е сместена приказната. Од толку многу работи што сака да ги опфати истовремено, на крај останува со сè по малку чепнато. Колку и Бостон да е естетски досаден на моменти, ако му дадеш на играчот работи за правење ќе биде позабавно. Претходните игри го вадат максимумот од околината. Тука местиш стапици да ловиш елени во шума.
Види, не барам иста игра како двојката. Нека е поинакво и храбро, ама не да згмечиш четири различни игри во една како што ова пробува да направи. Приказната единствено што прави е те носи од нова механика до некоја друга. Очигледно Ubisoft тука си тестирале работи за следните игри, друго објаснување немам. Ако Assassin's Creed IV: Black Flag не го подобрува ова управувањето на бродови што е овде, се сомневам дека ќе ме задржи нешто подолго. Сериозно сум скептичен сега, може да изиграм нешто друго измеѓу пред да ја допрам следната од серијалов.
Позитивните аспекти на Assassin's Creed III се повеќе некои остатоци од претходните игри. Има и некои подобрувања секако, ама не се пресудни за впечатокот од финалниот продукт да биде позитивен. Тепачките се за нијанса пофлудини, непријателите се попамените и сега полесно тргаат по тебе. Од друга страна па, има ужасно лош систем на нишанење, а игра што настојува да воведе огнено оружје во својот арсенал, не смее да си дозволи толку несмасно да го изведе. Додај ги и баговите што дремат така неисполирани и имаш крајно незадоволително искуство.
Подобро кецот да го изиграв. Може и така ќе направам во блиска иднина. А, кога сме веќе на тема блиска иднина, вчера само што ја навија Assassin's Creed: Mirage за следната година. Од тоа што може да се види од трејлерот, Mirage ќе е повеќе како овие сега што ги играв отколку последните во серијалот и препоставувам тоа е добро? Тројкава не ја бива. Подосадна е и од филмот со Фасбендер, ама за тоа во некоја следна прилика.
Види такоѓе:
No comments:
Post a Comment