Не е дека сум изненаден што Star Trek: Picard е тапа. Со секој тизер и трејлер ми се разјаснуваше што ќе гледам. Star Trek последнава декада е во раце на луѓе што не знаат што е Star Trek, имаат едвај површни познавања за што е точно или едноставно не ги интересира. Едни мислат дека е акциона вселенска опера, други го користат како платформа за пласирање трендовски политички изблици. Star Trek се потпира на неколку јасни столбови кои тука се речиси комплетно отсутни, а ако ги замениш со било што друго, тоа повеќе нема да е Star Trek. Жал ми е што ова се случува со франшизата и тоа баш во време кога на светот му е најнеопходни вредностите за кои се залагал Џин Роденбери.
Star Trek: Picard е уште една пропуштена прилика и последната можност за Патрик Стјуарт да се врати во униформата на Жан-Лук Пикард за уште една авантура. Скурцана е најдобрата шанса Star Trek да се врати на сопствената траекторија. Жално е да гледаш како таков авторитетен дипломатски лик ко Пикард, легенда во Федерацијата и Старфлит е сведен на несмасна карикатура без ничија доверба и поддршка и тоа многу често во име на исфорсираниот диверзитет кој беше метастазата и на Star Trek: Discovery.
Некогаш големиот капетан Пикард сега е позициониран како аутсајдер кој застанува пред некаков нефункционален систем во општество што повеќе личи на нашето денешно отколку на утописката иднина од каде што ни е познат. Не знам која е оваа кретенска креативна одлука да се антагонизираат есенцијалните елементи од Star Trek, ама веројатно ќе треба да почекаме на неизбежниот финансиски колапс на серијата пред одговорните за овој преседан да бидат отпуштени. Или обесени нели, баш како што овој денешен Star Trek нѐ подучува дека сите конфликти може да се решат со насилство.
Не разбирам која е придобивката од занимавање со денешни проблеми триста и кусур години во иднината. Нели Star Trek треба да е над ова што сме денес и да се соочува со неприликите на пософистициран начин? Како е возможно секој Star Trek од Enterprise навака упорно да се сопнува и тркала наназад?
Дополнително, серијата гради и еден вештачки свет околу Пикард преполн со за него блиски, а за нас комплетно нови ликови. Прави исклучително аматерски напори да ја престави неговата врска со нив како стабилна и емотивна преку евтина експозиција, која никако не успева да проработи. Сега ние како публика треба магично да сме убедени во историјата на Пикард со оваа багра која му се обраќа со "Џеј Ел", затоа што сценаристите цврсто веруваат дека двајца ликови се блиски ако си се викаат по надимаци.

Покрај тоа што врските помеѓу ликовите, па и самите ликови често, едвај имаат некаква логика, ни самата приказна не успева да се додржи сама. Идејата Пикард да замине на ваква "забранета авантура" е крајно неинспиративна. Милион пати сме го виделе и тој бунт на малиот човек кон големиот злобен естаблишмент и жално е што многу од луѓево што ги пишуваат овие гомна не можат да се дистанцираат од тоа. Баш Star Trek не треба да паѓа на нивото на скорешниот Star Wars кој мисли дека му е потребен негативец како Империјата за борбата на главните ликови да биде значајна. Изгледа е тешко да му најдеш занимација на Жан-Лук Пикард без оштетен Старфлит.
Три епизоди од само осум беа потребни за најпознатиот капетан на вселенски брод да отиде во вселена. Алал. Во нешто чија основа е сплотено човештво и истражување на вселена, нови светови, нови цивилизации, повеќе време се потроши на телевизиски политички интервјуа кои ги рефлектираат ставовите на Патрик Стјуарт за Трамп и Брегзит. До таму е стигната работата. Ова е Star Trek и целата мејнстрим поп култура денес, ама мислам дека се гледа крајот. Профитот паѓа како што расте присилното пикање на политички агенди сегде и верувам дека набргу ќе почнат да се стабилизираат големите франшизи.

Не е Star Trek ова. Не е ни Пикард. Го гледам Патрик Стјуарт, ама e отсутен ликот што го познавам. Изнемоштен, беспомошен и неприфатен, опкружен со некои нови досадни ликови за кои серијата тврди дека му се стари пријатели. Уште пелени не му сменија до сега. Не знам, и Индијана Џонс беше стар во Crystal Skull, па пак беше Индијана Џонс. Не беше странец на кој му се издерава кој стигне или нешто. Овој Пикард тука многу често е полошо конципиран и од Лук Скајвокер во The Last Jedi.
Исто како и канцерозното Discovery, ова нема никого да инспирира или поттикне за било што, а најмалку да го заинтересира за наука, за како да ги прифати различностите или да се потруди да направи промена за подобра иднина. Со оглед на тоа што се расфрла со вулгарности, не е ни за деца. Празен, шкарт продукт кој нема никаква допирна точка со Star Trek освен што се вика така. Не е изговор "брат, Пикард е - како може да е лошо?". Прекинувам да трошам време на серијава. Го обожавам Патрик Стјуарт и не сакам ова да ми се последните спомени од него кога ќе умре.
No comments:
Post a Comment