Има една сцена на крајот од Star Trek Generations филмот каде што Ентерпрајз се бори со Клингонци. Иако ја добива битката, Ентерпрајз е сериозно оштетен и приморан да ја одвои чинијата што е стандарден механизам на бродот при такви итни ситуации. Но, експлозијата од ворп јадрото ќе го лансира во атмосферата на една планета чија гравитација ќе го повлече во сигурна пропаст. Нема жртви, ама тој иконски модел на Ентерпрајз е засекогаш уништен. На сличен начин истурка и првата сезона на Discovery во обид да го врачи Star Trek на следната генерација.
Целата таа прва сезона правев напори да го засакам овој нов пристап кон Star Trek, а во неколку наврати дури и ми успеваше. Решив да прифатам помрачен, депресивен Star Trek каде што истражувањето и иновативните научни концепти се заменети со тензична војна и напната драма, со надеж дека серијата гради некаква основа за порелаксирана следна сезона. Сепак, бродот се вика Дискавери и неговата мисија е истражувачка, нема потреба да биде толку активно инволвиран во воени конфликти. Крајот на првата сезона го елиминираше ликот за кој најмногу навивав и ја гледав серијата, ама ме занимаше кoja е следната дестинација на Дисквери.
Глуп сум што се изненадив кога видов дека дестинацијата е всушност 2019 иако технички приказната е сместена во 24-ти век. Star Trek сега постои во оваа ера на исфорсирана политичка корекност каде што сите сме еднакви без оглед на боја, вера, нација и пол. Каде што сите сме сплотени против најголемиот непријател на светот - белиот хетеросексуален маж. Белиот маж кој се осмели вербално да се спротистави на лик со поинаква боја на кожа и пол од неговиот и инстантно загина бидејќи тоа е забрането денес.
Конфликтот не ни беше поврзан со раса, религија или пол туку беше од техничка, професионална природа. Во вистински Star Trek ликовите кои имаат ваков тип на конфликт обично на крајот од епизодата би го решиле и тоа би послужило како една лекција за публиката. Овде разврската беше брутална насилна смрт проследена со гласни аплаузи. Можеби немаше ни да го приметиме ова да не се дигнеше толку голема галама.
Види, Star Trek секогаш бил изграден од диверзитет и прогресивна струја. Уште од 1966. Тоа му е и основниот концепт, дека ако се споиме како човештво со една цел ќе стигнеме до ѕвездите. Екипажот на секој брод секогаш бил со мешан етнос, капетанувале жени и црнци и никој никогаш немал проблем со тоа зошто било природно вклопено. Но, никој не ти се дерел во фаца да ги приметиш прогресивните политики и ниту една раса или пол не бил потиснат за да се потенцира некој друг. Ова не е проблем само во Star Trek, туку и на многу други места. The Last Jedi го прави истото со женските ликови, а колку што сум во тек - и актуелната сезона на Doctor Who.
Како веќе никој да не се грижи да создаде повеќеслојни забавни ликови, ликови кај кои ќе се потенцираат инспиративни човечки особини. Очигледно битно е само да се жена, по можност и малцинство, додека другите особини и постапки може да се помалку важни за приказната и самиот лик. Мајкл Бурнам имаше поголем потенцијал од ова, а сега во втората сезона е комплетно потоната во "Мери Су" третман. Секогаш знае најдобро и секогаш нејзиниот збор мора да е последен. И што е најбитно, секогаш знае подобро од мажите.
Вакви ликови се толку чести во последно време што мислам дека ова е преставата на моменталниве сценаристи и продуценти за "силни женски ликови". Нема веќе Елен Рипли, Сара Конор... Мислат дека за женски лик да е денес "силен" мора прво да откине нечии јајца. Како да не може да е "силен" и "независен" лик со други својства. Ако се осмелиш да го критикуваш ова, тогаш ќе те покажат со прст како гомно расистичко шовинистичко конзервативно.
Но еј, тоа е она што се случува кога ќе го соголиш цел Star Trek од тоа што е и ќе го користиш како медиум за насилно туркање на агенда против "токсична машкост". И првата сезона знаеше да се расфрла со специфична пропаганда, меѓутоа кога е дел од погуста мешавина од други идеи е помалку приметно и наметливо. Кога научниот или фантастичниот аспект на Star Trek е едвај видлив, останува само ова - обидот да се капитализира либералната политика. Никој не се осмелил да збори против Џејнвеј, првата жена капетан која е главен лик во серија. Можеби затоа што беше поинаку напишана, па нејзината "независност" и "сила" беше очигледна без некој да ни нацрта.
Овие неискрени мотиви не се единственото нешто што ми пречи во Star Trek, ама се толку втемелени во сезонава што не можам да ги игнорирам. Можеби ако имаше приказна подобра од претходната Клингонска војна немаше да ги приметиме. Discovery откако го уби Лорка наместо да создава нов материјал со сопствените ликови, посегна по екипажот на Ентерпрајз. Легендарниот Кристофер Пајк сега командува со Дискавери, а Мајкл го бара нејзиниот полу-брат Спок. Иако беше неизбежно серијата да се судри со нејзините претци, не очекував дека ќе се обиде да се потпре на носталгија. Уште еден доказ дека Дискавери слета во 2019 каде што мислат дека препознатливоста на брендот е побитна од суштинскиот квалитет. Спок е бренд, луѓе го асоцираат Спок со Star Trek и луѓето зад серијата си мислат дека тоа е формулата за успех.
Пајк е за џабе дојден во приказната, eве веќе четири-пет епизоди. Мајкл е секако попаметна од него и препоставувам дека на крајот од серијата и официјално ќе капетанува со Дискавери. Напред жени! Тоа сака да го продаде серијата така? Како порано што деца се инспирирале од Кирк, Пикард и старите екипажи да стануваат научници, доктори и астронаути така и Star Trek: Discovery сигурно си замислува дека има придонес кон истото. Демек, еве ние го гледаме нејзниот пат до капетанското столче сега. До сега видовме како жена ја превзема Клингонската Империја, a друга Одделот 31.
Не верувам дека било кој на светов може да се инспирира од ликови на кои вештачки им се вбризгуваат позитивните карактеристики или се потенцирани со потиснување туѓи мислења и постапки. Не е само Мајкл таква, речиси на сите такви ликови им се гледаат конците од кројот. Тили на пример e полничка и со тоа мислат дека рушат некаква општа претстава за идеално женско тело. До овде ли дојде Star Trek? Ќе го балансира сексизмот од Voyager и ќе отплаќа стари долгови.
За жал, сигурен сум дека нема спас. Изгубив секаква волја после неколку епизоди и не ми личи дека ќе стане подобро. Не само поради овие смешни родови политики и социјално ангажирани глуметања, туку и приказните. Не можам да најдам ништо интересно зошто ништо не се ни случува, ниту пак има некој лик што ми е доволно поднослив за да го следам. Без Лорка е некако празно, а Пајк не смее да писне од бучните протести за човекови и вонземјански права на палубата. На крајот, па што ме заболе за Пајк кога и онака ја знаеме неговата судбина и покрај тоа што ова се одвива во некој сосема трет тајмлајн?
Во вторава сезона бидејќи ги немаат Клингонците како главен непријател, се трудат да измислат нов. Не ме интересира што се случува со Спок и што е Црвениот Ангел. Не ми е забавна псведо-науката што ја презентира серијата. Дали воопшто има тука некој сценарист што се занимавал со научна фантастика или сите претходно пишувале тинејџерски драми и петпарачки мистерии? Не ми треба тензија и пет епизоди приказната да тапка во место, ниту па буквално да враќаат мртви ликови. Секоја втора епизода некој умира и го враќаат во живот. Некогаш враќаат и ликови умрени и во претходната сезона.
До тука беше моето дружење со Discovery. И, онака повремено ја гледам оригиналната серија и The Next Generation, па ова лајно стварно не ми треба да ми губи саат време неделно. Еве, од сега па натаму ќе фрлам и Deep Space Nine во мојата неделна Star Trek доза и тоа е тоа. Ова не станува подобро и никогаш нема да си ја постигне целта. И, не, не е изговор дека првите сезони на секој Star Trek биле лоши. Друг концепт на серии и жанрови се. Discovery ни со дупло поголем буџет и дупло помалку епизоди не успева да биде Star Trek. Нека го за фановите на The Last Jedi и Supergirl. Живејте си долго и просперирајте.

No comments:
Post a Comment