September 20, 2016

Не го разбирам All-Star Superman

Каде и да се свртиш, All-Star Superman на Грент Морисон ја има титулата за најдобриот Супермен стрип. Тоа мислење го брани поголемиот дел од публиката и луѓето од индустријата и со години се обидувам да разберам зошто. Барем еднаш во годината ќе го пролистам со надеж дека можеби дошол вистинскиот момент за оваа "конечна" Супермен приказна и останувам збунет. Не од содржината, туку од она што другите го гледаат, а јас упорно успевам да го промашам. А, не би рекол дека ми недостасува емоционалниот капацитет за да ми легне нешто со ваков концепт.

Морисон го обожавам. Го има напишано најдобриот Бетмен наслов, ама сè што допрел од Супермен, не успеало да ме допре и мене. Дури и кога станува збор за ваква приказна кој го соочува со сопствената смрт и последните денови меѓу човештвото. Во ниту еден момент од All-Star Superman не сум убеден дека Кал-Ел умира, ниту ми се интересни работите што ги прави како што се наближува кон смртта. Оние броеви со Бизаро се тотално досадни и џабе се сите изговори дека идејата на Морисон била Silver Age омаж. 

Мех..

Џими Олсен воопшто не ми е кул, ни па бројот со Атлас и Самсон, кога Лоис на еден ден ја добива моќта на Супермен. Лоис е исто момент што не можам да го прифатам овде, исто како што она одбива да прифати дека Кларк Кент е Супермен. Никаква емотивна поврзаност не осетив меѓу нив, за разлика од Unchained каде што само една слика во адекватен контекст ми зборува многу повеќе отколку сето ова кон кое Морисон се стреми. А, Морисон не е човек што не знае да си игра со сентиментални моменти. Најчесто биле супер, ама не можам да го кажам истото и за ова.

Доколку можеби искинам неколку броеви и страници, All-Star Superman ќе ми биде повеќе поднослив за читање. Приказната со Лекс Лутор е одлична, штета што фокусот често забегува во некои територии каде што страниците стануваат тешки за листање. Јасно ми е што сакал Морисон да постигне, но некако се губам во обемот. Можеби и тој распон на случувањата е тоа што удира таков печат на All-Star Superman, ама никако да профункционира тоа и за мене. Сакам покомпактни приказни. Глеј го Алан Мур што има направено со For The Man Who Has Everything. Не знам колку е валидна споредбава, го спомнувам поради тоа што и другиот е ментално нестабилен лик од индустријата, ама ете. Еден од овие великани не напишал Супермен приказна што мене ќе ми се свиѓа.

Ова последно читање мислам дека ќе биде крајот на обидите да навлезам во суштината на All-Star Superman. Или сум само глупавото малцинство со ова мислење, или е едноставно преценет и извикан. Не ми е пријатен ниту стилот на цртање што Френк Квајтли го применува. Нешто слично како Kingdom Come на Марк Вејд и Алекс Рос, но тоа е дефинитивно тема за некој следен пат кога ќе сакам пак да ми се собере разбеснета топла во Супермен маици со вили и факели.  

Види такоѓе:

2 comments:

Славица said...

Моментално го читам, се мачам да го довршам и сосема се пронајдов во насловов и во она што го кажуваш. Со бизаро ги прелистав со благ скрининг низ редови и едвај чекам да заврши. Очите ми се заглавија од превртување на Лоис, многу ми е чудна. Мене ми е досадничок стрипов ... Преценет е или јас не ја гледам убавината.

For the Man Who Has Everything <3

Препорака за следно?

Бојан Николов said...

Го препорчувам Unchained, супер е.