Ете. Ни Denuvo не траеше толку колку што очекував, па сега може да си потрошиш неколку саати од животот со пиратската верзија на Rise of the Tomb Raider. Побогат за 50 евра. Мислев дека ќе има некој човечки попуст на играта, но не. Затоа секогаш сум повеќе спремен да дадам 50 евра за десет игри на мали компании што никогаш нема да ги пуштам, отколку на Square Enix или Hello Games за онаа пропаст. Мислам, секоја чест Crystal Dynamics, ете изиграв неколку саати од тие десетина и сум највоодушевен на светот, но сепак. Јас сум дете растено на пиратерија и некои работи сакам да ги пробам пред да ги платам повеќе отколку што можеби вредат за цената. На крајот, никој нема да биде нешто многу осиромашен во нивната корпорација, нели? Баш ќе беше кул доколку, макар привремено, ја намалеа цената откако се проби Denuvo заштитата.
Океј, се оправда непотребно пред светот? Супер. Сега продолжи за играта. Rise of the Tomb Raider е продолжение на Tomb Raider римејкот од 2013. Во главно, Rise of the Tomb Raider е повеќе од истото што беше ставено на маса минатиот пат, барем така делува на почетокот, но некои ситни фини подобрувања ме спречуваат да искористам цели параграфи од еден стар пост за да докажам небитна поента. Мислев дека по крајот со двата пиштоли на Tomb Raider, Лара ќе биде порасната и созреана. Очекував побезмилосна Лара овојпат. Лара која нема да да се плаши од мечки, да се тресе од студ и да крвари. Но, тогаш се сетив дека овој серијал воопшто не се труди да се спои со моментот на првата средба со госпоѓица Крофт.
Во старите игри, Лара едвај имаше личност. Претежно беа само нијанси. Освен тоа што знаевме дека е силна независна жена со полигонски цицки, немаше проблем да биде несоодветно облечена за снежна бура и минус триесет. Поради таа слика, некогаш е чудно да ја прифатиш во новиов серијал каде што со бунда симнува гнезда на птици од гранка за да запали оган како не би премрзнала на студот во снег до колена. А, ми се свиѓа овој "почовечки" елемент кој што е тука присутен, многу ми се свиѓа, иако мислев дека во продолжението ќе бидам пречекан од "позаебана" Лара. Секако, има прогрес, но не е факинг Бетмен и тоа е сосема во ред.
Што се однесува до гејмплејот, промените се минимални. Уште можеш да си ги подобруваш оружјата со собирање гранки и премети од претурање дрвени кутии, но овој пат е некако покорисно и функционално. Не се сеќавам дека во претходната игра требаше да собирам отровни печурки кои ќе ги искористам за стрелите за ефикасно да убијам разбеснета мечка. Дури има и скил за јазици што го развиваш по пат. Околината, освен тоа што е детално дизајнирана до перфекција, за жал е повторно лесна за навигација. Два пати ќе паднеш во вода, не зошто препреката е тешка, туку зошто пушиш цигара додека играш, и тоа е тоа.
Секако, за "класичното" Tomb Raider искуство ги има "гробниците", меѓутоа со самото тоа што се опционални, немаат некој значаен придонес кон приказната, па овојпат решив таа носталгија да ја задоволам откако ќе ја завршам главната мисија. Има и некои други опционални мисии, ама мојата Лара Крофт одлучи дека нема време да одговори на сите што ја молат за помош. А, приказната е кул. Раскажана и со флешбеци и синематици што се интересни за гледање и не те оттргнуваат од играњето. Без многу детали, вклучува наводно бессмртен христијански пророк во сибирски вукојебини и напуштени Советски бази и секта која дели сличен интерес со Лара, но со различни мотиви. Затоа и околината е претежно завеана во снег, барем онаму до кај што сум. Има мисија во Сирија на почетокот, единствено тоа беше малку поегзотично.
Задоволен сум со тоа каде се наоѓа серијалот моментално. Можеби комплексноста отсуствува, меѓутоа за сметка на тоа, игрите нудат врвна аркадна забава чиј амбиент е комплетно во духот на она што суштински претставува Tomb Raider. Следната игра веројатно ја носи Лара во Јужна Америка. Сакам да ги видам и тие локации, а доколку серијалот не сопре тука (што најверојатно нема), би сакал да видам и продолжение што ќе биде целосно сместено во Египет.

No comments:
Post a Comment