Капалди веќе месец и кусур си го пичи TARDIS-от, а сезоната веќе ја пројде првата половина. Она што е различно од претходно е тоа што нема да има пауза, туку ќе ги истераат сите дванаесет епизоди, па дури отпосле ќе се прикаже специјалната божиќна епизода. Неверојатно е колку брзо Капалди успеа да се вдоми, како Мет Смит да беше во некое далечно време. Еве, ќе ја прескокнам глупата фора за тоа како му дал нов лик на Докторот (лик, сфаќаме сите, океј), па ќе прејдам на тоа што го донесе како свежина. Со Мет Смит, еве ајде да речеме не го користам за споредба, туку како точка за референцирање, се заокружи една многу убава приказна која истражи една непозната територија за Докторот. Речиси и да го соголија ликот, со Трензалор, со Џон Хрт, со целиот тој емотивен ролеркостер, што малку и се сецнав за следната насока. За среќа, околу новиот Доктор веќе се отвараат еден куп нови прашања, од епизода во епизода, додека целиот амбиент наоколу е некако мрачен, дури и нестандардно мрачен за Doctor Who.
"Зошто си црн, затоа"
"Into the Dalek" го однесе директно во ебан Далек, нешто што исто така отскокна од вообичаните соочувања со нив. Секогаш се интересни првите средби на нов Доктор со неговите најголеми душмани, па некако овие епизоди успеваат да ми се меѓу најинтересните. Освен "Robot of Sherwood", која беше најлабава до сега, остатокот е малку потемен и посериозен, и покрај тоа што хуморот е присутен низ циничниот Капалди. Баш тука, се приметува колку е добар моментот кога успеваат да го однесат ликот на самиот Доктор во доменот на актерските способности на актерот. Па, дури и физичките атрибути. Единствено не знам кога ќе престанат форите за потеклото на Капалди. Јасно ни беше дека е од Шкотска уште од претходно, ама некако имаат потреба да го референцираат тоа повеќе пати. Освен ако мене не ми се виделе многу. Носталгичарењето по Мет Смит беше фино поздравено во последната епизода, баш онака симпатично, само се надевам дека никогаш нема да отидат/вратат кон Ривер. Баш од тие носталгични причини.
Новиот арк е супер. Уште е доволно мистериозен и немам идеја на кај оди, меѓутоа е крајно интригантен и многу ме занима што е големата слика. Сакам да верувам дека е некако повеќе лично поврзано со Докторот, зошто Капалди заслужува некоја таква приказна. Секако дека ќе спасува некој од некого на крај, и секако дека е поврзано со Миси, ама ајде да почекаме да почне да се отплеткува. Клара ми стана ептен супер сезонава, се надевам дека нема да си отиде во моментот кога ќе се приврзам повеќе. Ете, си доби и она придружник, во светот надвор од Тардисот, со што се отворија уште опции за приказни и заплети. Уште ме боли од Ејми, Рори и Били Пајпер, дај нека поседи Клара уште малку.
Следна епизода го носи Докторот на Месечината. Од краткиот тизер веќе ми течат лиги.
No comments:
Post a Comment