Додека го пишувам постов, се симнува 6.0.2 World of Warcraft печот, The Iron Tide, што ќе ја спреми играта за Warlords of Draenor. Кога ќе се вратам од работа, порталот во Blasted Lands ќе свети црвено и преку него ќе пристигнуваат разбеснети орки што ќе убиваат сè што ќе им застане на патот. На местото на Гарош ќе стои Вол'џин, бројките во играта ќе се намалат, класите ќе бидат видно изменети, и полека ќе ја напуштаме Пандарија. Сето тоа со конечно апдејтуван графички енџин.
Вака изгледаат и собири за велигден, па никој не го осудува тоа
Стариот портал во Blasted Lands, кој осум години ги водеше играчите во Outland во моментот кога засвете зелено, вчера го видовме за последен пат. Сега ќе води во еден поинаков Outland, односно Draenor, каков што бил Outland пред да биде таков каков што го знаеме. Последнава реченица е чудно формулирана знам, ама уште сум до пола кафе, замижан на едно око и веројатно ќе закаснам на работа. Како и да е, за среќа или не, серверот на кој што играм, го носи името на експанзијата, и е еден од најполните европски сервери, па така што бројката на играчи што се собра за последен пат околу стариот Dark Portal вчера беше језива. Луѓето беа буквално залепени за порталот како бубачки на сијалица. Скриншотиве не се доволни за да се долови моментот.
Океј, ќе прекинам тука. Пред да почнам да носталгичарам за раните The Burning Crusade денови кога трчав околу со ворлок во бела опрема од вендори што никако не беше за класата, со надеж дека ќе стигнам до порталот кој го испративме во историја.
No comments:
Post a Comment